Ќе ви откриеме рецепт за идеалнат маска за лице, после која ќе немате потреба да одите во салони за скапи третмани. Покрај тоа, нема да имате потреба да купувате разни производи полни со хемикалии кои можат да бидат штетни за вашето здравје.

Оваа природна маска ќе ги исчисти вашите пори, ќе ја намали појавата на акни, брчки, а исто така и видливоста на лузните. Пробајте, бидејќи нема да се разочарате.

Потребни состојки:

4 супени лажици сода бикарбона
1 лажица мед
2 лажици вода

Постапка:

Во чист сад ставете сода бикарбона и мед. Добро измешајте додека да добиете фина смеса, а потоа додајте вода колку малку да се разреди за да може полесно да се мачка. Повторно измешајте и потоа нанесете ја добиената маска на лицето.

Не нанесувајте на пределот на очите и устата. Оставете да делува 10-15 минути. На крајот, исплакнете со топла вода и исушете со памучна крпа. Ќе забележите дека кожата после првиот треман станува мека и свиленкаста. Имајте во предвид дека медот треба да биде природен и квалитетен.

Направете го овој третман неколку дена, еднаш дневно и ќе забележите значително подобрување. Вашата кожа ќе биде почиста, понегувана и поубава.

Состојките вклучени во неговиот состав се многу здрави. Сода бикарбоната делува како антисептик, а медот ќе ја нахрани вашата кожа и има антиинфламаторно дејство.