На зголемениот број килограми не влијае само прекумерното внесување храна, туку и многу други фактори, објасни д-р Снежана Половина.

Врз нарушувањето на телесната тежина и стекнување со прекумерна тежина влијаат стареењето, генетските фактори, нарушената цревна флора, супстанциите од околината кои ги нарушуваат ендокрините механизми, лековите и секако прекумерното внесување храна.

Докторката Снежана Половина од Клиничкиот центар на Србија вели дека има околу 30 генетски болести кои се поврзани со дебелината, која е поврзана со ментална ретардација, промени на одредени органи и изменет надворешен изглед.

Повеќе од 250 гени се поврзани со дебелината и некои од нив играат значајна улога во развојот на дијабетес тип 2. Исто така, дебелината на мајката пред и за време на бременоста, високиот крвен притисок и пушењето за време на бременоста се поврзани со децата со прекумерна тежина.

Дебелината на таткото во моментот на зачнувањето влијае на дебелината на детето во адолесценцијата и потенцијално на намалување на репродуктивниот капацитет на детето, како и на следната генерација.

Алергиските болести во детството се поврзуваат и со дебелината“, вели таа и додава дека децата родени со царски рез се повеќе склони кон дебелеење.

Лекарката објасни како се утврдува причината за дебелината.

„При преглед на дебело лице се врши антропометриско мерење, определување на распоредот на телесна маса и анализа на метаболички и хормонски параметри со цел да се утврди постоење на болести поврзани со дебелината“, рече докторката и објасни што во повеќето од случаите се издвојуваат како најчест проблем:

„Токму разликата во количината на мускулната и масната маса на телото е причината поради која некои луѓе јадат помалку и се дебелеат, додека други јадат повеќе и не ја менуваат телесната маса.

Додека мускулите ја трошат енергијата, наталожените масти се инертни и ја складираат енергијата во масните клетки“, рече таа и посочи дека по 40-тата година метаболизмот физиолошки забавува, поради што треба да се намали внесот на храна за 10 до 20 проценти. .

Терапијата за дебелина е единствена без разлика на причината, а тоа е физичката активност и корегирана исхрана. Според докторката, луѓето кои имаат повеќе мускулна маса можат да јадат повеќе и да не се дебелат, бидејќи мускулите согоруваат повеќе калории.

Според тоа, физичката активност и изградбата на мускулна маса е од витално значење за одржување на телесната маса во нормала. Исто така, важна е редовна контрола на хормоналниот статус, бидејќи секоја нерамнотежа може да доведе до зголемување на килограмите.

Од дебелината која сте ја добиле поради хормони, може да се ослободите само вака: совет од гинеколог – ОВДЕ.