По долготрајна употреба, се случува правосмукалката да почне да биде сè помалку и помалку функционална, а тоа значи пребрзо загревање и послабо смукање на правот. За среќа, решението за оваа ситуација е повеќе од едноставно.

Еве што треба да се направи за да биде повторна како нова.

Прво, отворете го делот од правосмукалката каде што се наоѓа вреќата за прав. Обратете внимание на гумата на капакот. Оваа гума, кога капакот е затворен, треба да контактира со гумата на вреќата за прав и херметички да се запечати.

Во овој случај, на гумата се создадени наслаги од прашина, кои на некои места се дебели и до еден милиметар.

Поради ова, двете гуми не се лепат една до друга и моторот наместо да влече воздух низ цревото на правосмукалката, го влече воздухот помеѓу овие две гуми, што значително ја намалува моќта на чистење.

Слично може да се случи и на гумениот дел од вреќата за прав. Решението, погодувате, е едноставно. Отстранете ги тврдите наслаги од гумата со влажна крпа. Направете го истото на вреќата за прав.

После тоа, неопходно е да се исчистат и филтрите, кои значително се валкаат по долго време користење на правосмукалката.

Отстранете го филтерот за вшмукување од куќиштето. Направете го истото со филтерот што го чисти воздухот што излегува од правосмукалката.

Најпрво добро протресете ги двата филтри, а потоа измијте ги со вода и детергент (можете да ставите и нови ако ги имате). По сушењето, вратете ги филтрите на своето место.

Кога ќе ја вклучите правосмукалката, ќе видите дека повторно ќе работи како нова – добро ќе вшмукува и нема да се прегрева.

Ако сè уште не работи, или повикајте механичар да ја провери или време е да купите нова.