Еднаш ги направив вака и сега секој ден ги бараат исто…Потпечени пиперки со фил, цела куќа ми мириса убаво. Сите ги сакаме пиперките спремени ка секаков начин: пржени, печени, похувани…Но, ние најмногу ја сакаме вака полнета, кога цела куќа ќе ми замириса убаво… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 пиперки, 200 г сирење, 1 супена лажица кисела павлака, 1 мала китка свеж магдонос, 1/2 супена лажица гриз, малку сол по вкус, 3 чешниња лук, малку фета сирење или кашкавал, 2 јајца
ПОСТАПКА: Пиперките измијте и пресечете ги надолжно на половина, да се отворат како два „чамци“. Сирењето изронете го поситно, па додајте ја киселата павлака, ситно сечканиот магдонос и лукче.
Најдобро е одберете некое понесолено сирење или свежа урда, па по вкус да ја посолите. Скршете ги двете јајца и убаво измешајте за да се соединат сите состојки. Додајте малку гриз по потреба да за да ја „врзе“ смесата.
Плехот обложете го со хартија, наредете ги пиперките и полнете ги со филот. Одозгора врз секоја пиперка наросете малку рендан кашкавал, па ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час.
Послужете ги топли и уживате во секоја залак. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ПИКАНТНИ ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ: Гурманско мезе со крцкава сланина и кашкавал што се тегне“ – ОВДЕ.
ПИКАНТНИ ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ: Гурманско мезе со крцкава сланина и кашкавал што се тегне