Споед овој рецепт ќе ја направите најдобрата лазања. Кога сакате дома да направите некои светски познати јадења, најдобро е да го користите оригиналниот рецепт. Лазањите се токму такво јадење, а ние ви предлагаме да го пробате семејниот рецепт на најпознатиот италијански готвач Џенаро Конталдо.

Со овој рецепт ќе ја направите најдобрата можна лазања која ја обожаваат над 5 милиони луѓе. Подготовката воопшто не е комплицирана, само треба да одвоите време за да ги направите сосовите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г листови лазања, моцарела, пармезан. За болоњезе (рагу): 45 мл маслиново масло, 25 г путер, 1 кромид, 1 стебленце целер, 1 морков, 150 г панцета, 400 г мешано мелено месо, 200 мл црвено вино, 2 лажици доматно пире, 200 мл супа

За бешамел сосот: 100 г несолен путер, 80 г брашно, 1 литар млеко, 100 г пармезан (или кое било друго сирење), малку морско оревче

ПОСТАПКА: Растопете го путерот, па додајте го брашното и убаво измешајте да нема грутчиња. Кога смесата ќе се згусне, истурете млеко, па додајте пармезан, сол, црн пипер и морско оревче.

Гответе со постојано мешање додека да се соединат сите состојки. Не гответе на висока температура за да не ви загори сосот. Подгответе го и рагуто. Во тава загрејте ги маслиновото масло и путерот, додајте ситно сечкан кромид, целер, морков и панцета, па динстајте на тивок оган околу 10 минути додека кромидот да омекне.

Додајте го месото и добро пропржете. Зголемете ја температурата, сипете го виното и оставете го да испари. Доматното пире разредете го во малку супа (разредете 1/2 коцка супа во топла вода) и измешајте го во месото.

Намалете ја температурата, поклопете и гответе 2 часа, проверувајќи и додавајќи по малку супа од време на време за да не се исуши сосот и да не загори. На дното на тавата сипете слој рагу (Болоњезе сос), а потоа покријте го со лист лазања.

Потоа повторно прелијте го рагуто, а потоа и бешамелот, како и издробената моцарела. Одозгора изрендајте малку пармезан. Потоа ставете лист лазања и продолжете со редењето додека да ги искористите сите состојки.

Последниот ред треба да биде рагу, бешамел, моцарела и пармезан. Покријте со алуминиумска фолија и печете на 180°C околу 35-40 минути. Пет минути пред крајот на печењето извадете ја фолијата и допечете за да фати коричка.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Следно прочитајте: „ЈАДЕШ, А НЕ СЕ ДЕБЕЛЕЕШ: Според рецептот за дијабетичари, потпечен зеленчук, подобро од лазањи“ – ОВДЕ.

ЈАДЕШ, А НЕ СЕ ДЕБЕЛЕЕШ: Според рецептот за дијабетичари, потпечен зеленчук, подобро од лазањи