ПЕКАРСКИ КИФЛИ КОИ СЕКОМУ УСПЕВААТ – МЕКИ КАКО ПАМУК! Одличен рецепт за почетници! Доколку баравте едноставен рецепт за многу убави и меки кифли, тогаш сте на вистинското место. Само следете ја постапката и резултатот ќе дојде сам по себе.
Намерно не ги филував кифлите, бидејќи можат да бидат и солени и слатки, па тоа го оставам на вас. Ние сакаме да бидат празни и потоа секој да си прави како што сака.
Ги јадев со домашен џем од кајсии и шолја млеко, децата ги сечеа и полнеа со нешто солено од фрижидер, баба рече дека изгледаат убаво вакви, без ништо… Меки пекарски лепчиња – Најдобар рецепт за почетници. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл млеко, 1 лажица шеќер, 40 г свеж или 12 г сув квасец, 1 лажица сол, 130 мл масло, 2 јајца, 800 г брашно, 100 г путер
ПОСТАПКА: Квасецот издробете го во 200 мл топло млеко, додајте шеќер, измешајте и оставете десет минути. Измерете го брашното, ставете го во сад за матење, посолете и измешајте.
Потоа сипете 200 мл млеко, додајте едно јајце и една белка (жолчката се сочувува за подоцна, за премачкување на кифлите и покријте ја со стеч фолија за да не се исуши). Додајте 70 мл масло, а потоа активираниот квасец.
Прво измешајте сè со рачна маталка или лажица, а потоа прелијте го тестото со 30 мл масло, намастете ја дланката и потоа замесете рачно. Обликувајте топка и оставете да одмори 20 минути за да ферментира и да се удвои.
Повторно прелијте со 30 мл масло, па повторно замесете и обликувајте топка. Овојпат оставете да отстои еден час. По еден час тестото поделете го на 2 дела, формирајте 2 топчиња.
Секое од нив развлечете го колку што можете, со дијаметар од околу 50 см, па исечете го на 8 триаголници. Преклопете го секој триаголник, левата и десната страна навнатре, околу 5 mm, а потоа премачкајте ја средината со омекнат путер.
Свиткајте ги во кифлички. Повторете го ова со преостанатите 7 триаголници од тестото, потоа развлечете го вториот дел од тестото и повторете ја постапката. Плехот за печење добро намачкајте го со путер, а потоа наредете ги кифлите.
Плехот за печење нека не биде оној од рерната, нека биде малку помал, за да нараснат кифлите една до друга, да се залепат, бидејќи така се уште помеки, а надворешниот дел не се суши со печење, а делот допрен до плехот, од путерот ќе биде многу мек.
Оставете да отстои во плех 30 минути, а потоа кифлите премачкјате ги со малку вода и оставете ги да отстојат уште 15-20 минути. Изматете ја жолчката со лажица млеко и премачкајте ги кифлите. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени приближно 25 минути во зависност од рерната.
Печените кифли може да се намачкаат со путер веднаш по вадењето од тавата, па на тој начин горната коричка ќе се опушти и омекне, а ако ви се допаѓа да биде малку покрцкава, тогаш само покријте ги кифлите со крпа и оставете ги така да се оладат.
Пријатно! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „НА ОВОЈ НАЧИН ГИ ДОБИВАТЕ НАЈДОБРИТЕ ПЕКАРСКИ КИФЛИ: Најмеки се и подготовката е едноставна“ – ОВДЕ.
НА ОВОЈ НАЧИН ГИ ДОБИВАТЕ НАЈДОБРИТЕ ПЕКАРСКИ КИФЛИ: Најмеки се и подготовката е едноставна