Најдобра смеса за палачинки: Со овој рецепт тие ќе бидат меки како душа. Можеби сте испробале повеќе рецепти за палачинки, а можеби смесата ја правите одокативно со дотурање повеќе млеко или вода до посакуваната густина на тестото.

Но, секогаш е најдобро тестото кое се приготвило според точно одредени мерки како што е овој. Еве што ви е потребно за палачинки меки како душа:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 500 мл млеко, 500 мл вода, 50 мл масло, половина лажица сол, 350 г брашно

ПОСТАПКА: Во сад ставете ги јајцата, млекото, водата, солта, маслото и убаво измешајте. Започнете со додавање брашно малку по малку со постојано мешање. Треба да добиете мазна смеса без грутчиња со конзистентност на течен, густ јогурт.

Печете ги палачинките во тава намастена со малку масло и загреана на умерена температура, по неколку минути од двете страни, редете ги една врз друга и послужете ги со омилениот прелив.

Можете да го прочитате и фаворитниот на читателите на НМД – Најдоброто тесто и рецепт за палачинки кои досега сум ги пробала: иде сè по 4 од состојките што е многу интересно.

Овие палачинки се многу фини и меки и не се нималку масни ниту гумени кога ќе се гризнат, а можете да ги филувате по желба, сите вкусови добро им стојат…

Потребни состојки: 4 јајца, 400 г брашно, 400 мл млеко, 400 мл газирана вода, 4 лажици масло, малку сол и 1 ванилин шеќер. Рецептот прочитајте го ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Оди сè по 4: Најубавите палачинки што постојат во светот