Пита со јаболка која се топи во уста! За 5 минути – брзо, едноставно и многу вкусно. Запишете си го овој рецепт и пригответе го овој многу вкусен колач. Нема на кој не му се допаднал овој неодолив вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 100 г (1/2 чаша) шеќер, 1 прстофат сол, 1 мала лажичка ванилин шеќер, 100 мл млеко, 80 г масло, 240 г (2 чаши) брашно, 2 лажички прашок за печиво, 4 јаболка (800 г )
ПОСТАПКА: Уште на самиот почеток треба да ја вклучите рерната да се загрева на 180 степени, зашто додека таа се загрее и подготовката ќе биде готова. Во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте прстофат сол, 100 г шеќер и ванила.
Рачно матете додека шеќерот да се растопи, а оние кои го сакаат циметот нека стават и малку цимет (освен мирис, дава и боја на колачот). Додајте 100 мл млеко, промешајте, па додајте 80 г растопен несолен путер.
Повторно промешајте за да се инкорпорира. Кога ќе се соединат сите течни состојки започнете со додавање на сувите. Брашното и прашокот за печиво е најдобро да ги просеете за тестото да добие понежна текстура.
Мешајте додека добро да се соедини и да добиете хомогена, мазна смеса без грутчиња. Тргнете ја настрана додека да ги исечкате јаболката на помали коцкички. Калап со средна или помала големина (огноотпорен сад) намастете го со путер или масло на дното и страните.
Сипете ги јаболката во калапот и рамномерно распоредете ги. Одозгора сипете го тестото и израмнете. Ставете да се пече 35 минути во загреаната рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка.
Оставете малку да подизлади, па сечете го и послужете го. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА: Нема шеќер, нема брашно, само измешајте ги состојките и веднаш ставете да се испече – ќе ве воодушеви брзината и вкусот“ – ОВДЕ.