КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА: Нема шеќер, нема брашно, само измешајте ги состојките и веднаш ставете да се испече – ќе ве воодушеви брзината и вкусот

Ако имате три јаболка и малку овесни снегулки, не пропуштајте и пригответе го овој брз и здрав колач кој ќе ве воодушеви со својот вкус. Сите останати состојки сигурно ги имате во кујната, само измешајте ги и ставете го колачот да се пече. Потоа едноставно наросете го со шеќер во прав и послужете го.




Од него целата куќа мириса неодоливо, па половина од тепсијата се изедува веднаш, уште додека е топол. Ако пак го премачкате со некој вкусен крем од ванила и го декорирате со шлаг, слободно можете да го послужите и како торта за некоја свечена пригода. Сите ќе бидат воодушевени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи јаболка (одберете некои помеки), сок од половина лимон, 100 мл вода, 80 г суво грозје, 80 г сечкани ореви, 1 прстофат сол, 3 јајца, 100 мл растително масло, 220 г овесни снегулки, 1 кесичка прашок за печиво (10 г)




ПОСТАПКА: Најпрво пригответе ги јаболката. Измијте ги добро (ако се прскани излупете ги), па исечете ги на тенки плочки со големина на залак, а може и поситно (подоцна полесно ќе се сечат парчињата). Прелијте ги со сок од половина лимон за да не потемнуваат и промешајте.




Потоа додајте го сувото грозје (ако сакате да му го збогатите вкусот, оставете го 15-тина минути да отстои во сок од портокал или рум за малку да набубри, а потоа процедете го). Сувото грозје содржи природни, здрави шеќери и се смета дека помага во сочувување на здравјето на неpвниот систем и белите дробови.




Прелијте со 100 мл вода и промешајте. Потоа следни се оревите кои е потребно малку да ги исечкате, рачно или во блендер со неколку „пулса“. Во посебен подлабок сад скршете три јајца и изматете ги со кујнска жица-маталка.




Изматените јајца прелијте ги во мешавината од јаболка и ореви, додајте 100 мл масло за готвење, па промешајте за да се распоредат сите состојки рамномерно. Потоа додајте прстофат сол и 220 г овесни снегулки претходно сомелени во блендер.




На крај додајте го прашокот за печење и промешајте за рамномерно да се распоредат состојките. Пригответе калап за торти со флексибилен обрач, намастете го со путер на дното и страните, па истресете ја добиената смеса (постепено, дел по дел).




Распоредете и израмнете со лажица, да нема празни простори. Печете во загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. Проверете со чепкалка. Оставете малку да подизлади, па наросете шеќер во прав и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходна статијаСе топат во уста бидејќи се прават со путер, многу ги сакаме дома, за 20 минути се готови
Следна статијаМЕК КАКО ПЕНА – СОЧЕН КОЛАЧ СО КОКОС, без масло и маргарин, многу е вкусен