Еден од честите здравствени проблеми на денешницата е покачен холестерол и триглицериди во крвта, како и затнување на крвните садови, што влијае и врз здравјето на срцето.

Затоа ќе се потсетиме на еден стар рецепт од народната медицина кој го регулира холестеролот во крвта и ги шири крвните садови, а за кој ни се потребни само две состојки.

Првата состојка е РУЗМАРИН, позната медитеранска, украсна, зачинска и лековита билка. Потребни ни се неколку гранчиња рузмарин за овој рецепт. Листовите се многу ароматични со пријатен мирис.

Втората состојка е ВИНО. За овој рецепт може да се користат црно и бело вино. Ако имате проблем со висок притисок, тогаш подобро е да преферирате бело вино отколку црно. Користете суво бело вино:

Суво значи дека е без остатоци на природен шеќер или го содржи максимално 4 грама по литар. Познато е дека во оние земји каде луѓето според нивната култура редовно консумираат вино, степенот на срцево болни е доста понизок од останатите.

Секако, виното треба да се пие умерено и дозирано, бидејќи во спротивно може да предизвика некои други здравствени проблеми. Рузмаринот и виновата лоза се вистински дар од природата.

Голем број нутриционисти сметаат дека медитеранската исхрана е најздравиот начин на исхрана, а виното и рузмаринот се дел од неа. Гранчиња рузмарин се додаваат во виното за да му дадат ароматична нота, свежа и зелена арома.

Народната медицина во оваа мешавина препознава и лековита вредност на овие состојки. РЕЦЕПТ: Исперете две гранчиња рузмарин, па оставете ги на проветно место да се исушат. Ставете ги во тегла и прелијте ги со вино.

Како алтернатива можете да користите 30 грава суви сечкани листови на 1 литар вино. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои барем седум дена на собна температура за да можат состојките од рузмаринот да го збогатат виното.

Секојдневно протресувајте ја теглата. Потоа процедете го виното и складирајте го во шише. Чувајте на темно и ладно место. УПОТРЕБА: Секој ден по една ракиена чашка, наутро и уште една навечер, во период од 30 дена, а потоа направете пауза од најмалку 2 недели.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина советувајте се со вашиот лекар.

За повеќе корисни рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „РУЗМАРИН ВО РАКИЈА: Најдобриот природен лек за проширени вени, целулит, болки во зглобови и мускули“ – ОВДЕ.

РУЗМАРИН ВО РАКИЈА: Најдобриот природен лек за проширени вени, целулит, болки во зглобови и мускули