ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл млако млеко, 250 мл млака вода, 2 лажички сув квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 1 лажица оцет, 700-750 г брашно, 150 г путер/маргарин + 60 мл масло. За фил: 700 г спанаќ + 400 г ситно сирење
ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги сите состојки, па започнете со постепено додавање на брашното. На почетокот мешајте со лажица, а кога тестото ќе стане компактно, продолжете со рачно месење додека тоа престане да се лепи.
Треба да биде средно меко. Одозгора премачкјате го со две лажици масло, покријте го садот и оставете го во топла просторија да ферментира 45 минути или додека убаво да удвои волуменот. За тоа време пригответе го филот кој може да биде по ваш избор.
Овојпат приготвивме фил од спанаќ и сирење. Спанаќот измијте го и ситно исечкајте го, па ставете го на оган со малку вода да проврие колку да омекне. Процедете го и оставете да се олади, па помешајте го со сирењето и посолете по вкус. Во меѓувреме растопете го путерот заедно со маслото.
Стасаното тесто поделете го на 8 дела, а од секој дел обликувајте топче. Топчињата покријте ги и оставете ги да одморат 5-10 минути, па на лесно набрашнета површина развлечете ги во тенки корички.
Кога еднаш убаво ќе ја отворите кората, одозгора премачкјате ја со растопената маснотија и започнете со диплење како книга (вообичаено диплење за лиснато тесто), додека да добиете долг правоаголник, а потоа и квадрат.
Вака здиплените квадрати оставајте ги настрана (уште подобро на ладно) покриени додека ги развлекувате останатите кори. Кога ќе завршите со сите осум теста, земете го првиот здиплен квадрат, па на набрашнета површина развлечете го во тенка правоаголна кора.
На едниот крај од кората ставете една осмина од филот, па внимателно свиткајте во ролат. Постапката повторете ја со сите останати теста. Ролатите редете ги во плех обложен со хартија.
Исечете ги со големина по ваша желба, покријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат 20 минути или колку што е потребно малку да нараснат. Потоа премачкјате ги со преостанатата маснотија и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Толку е мека и сочна што не можете да престанете да ја јадете: ПИТА СО СИРЕЊЕ подобра од гибаница поради 1 состојка“ – ОВДЕ.