ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за сируп: 600 г шеќер (3 чаши), 600 мл вода (3 чаши), сок и кора од половина лимон. Откако ќе зоврие се вари 20 минути и се остава настрана да се олади.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за пандишпан: 3 јајца (Л големина), 150 г шеќер, 100 мл масло, 1 чаша (200 мл) кисело млеко (или к.павлака/кефир), 1 кесичка ванилин шеќер, 1 чаша (200 мл) гриз, 1 кесичка прашок за печиво, 3 г сода бикарбона и неколку капки лимонов сок за активација. И уште: 100 г мелени ореви

ПОСТАПКА: Пенасто изматете ги трите јајца со 150 г шеќер додека тој да се растопи и да добиете густа и кремаста смеса за што ви се потребни 5-8 минути матење со миксер.

Потоа додајте половина чаша масло, една чаша кисело млеко, една кесичка ванилин шеќер, по една чаша гриз и брашно, како и прашок за печиво и мала лажичка сода бикарбона во која ќе накапите една лажичка лимонов сок.

Сето ова добро изматете го со миксер додека да се изедначи во хомогена, мазна смеса без грутчиња. Калап 28х28 см намастете го па излејте ја приготвената смеса и рамномерно распоредете. Одозгора распоредете 100 г мелени ореви.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Не ја отворајте рерната додека се пече колачот, барем првите 20 минути. Потоа проверете со чепкалка, па исечете го на коцки.

Топлиот колач залијте го со ладниот сируп, па оставете целосно да се олади и да го впие. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „СУНЃЕРКА: Традиционален сочен колач – единствениот оригинален рецепт кој ви е потребен“ – ОВДЕ.

СУНЃЕРКА: Традиционален сочен колач – единствениот оригинален рецепт кој ви е потребен