Домашна старинска пита, што би рекле народска пита или вистинска селска пита. Многу лесен начин да подготвите совршен појадок со чаша јогурт.
Мирисот и вкусот едноставно мамат со носталгија за тоа како порано појадувавме кај нашите баби. Пробајте го овој рецепт и вратете се за момент во вашето безгрижно детство. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 250 мл млака вода, 8 г сув квасец или 30 г свеж, 50 мл масло, 2 јајца, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 550-600 г брашно.
За фил: 300 г сирење, 2-3 јајца (едноставно измешајте ги и посолете по вкус). И уште: 150 г путер или маст за премачкување. Посипете со сусам. Печете на 200°C (390°F) првите 15 минути додека да зарумени, потоа намалете на 180°C (360°F) и печете уште 30 минути
ПОСТАПКА: Квасецот активирајте го во млака вода, шеќер и две лажици брашно. Во подлабок сад за месење сипете половина од брашното и помешајте го со солта. Додајте го маслото, јајцата на собна температура и акривираниот квасец.
Мешајте додека да добиете мазно тесто без грутчиња, па започнете постепено да го додавате остатокот од брашното со рачно месење. Кога тестото ќе стане компактно истресете го врз набрашнета површина и продолжете со месење.
Треба да остане меко, па штом престане да се лепи за рака, престанете со додавање брашно. Замесеното тесто ставете го садот и покријте го со кеса или стреч фолија и оставете да ферментира 15-тина минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
Истресете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 8 дела. Секој дел обликувајте го во топче, покријте ги со кеса за да не се сушат и оставете ги да одморат 5-10 минути за полесно да се развлекуваат.
Секое топче развлечете го со оклагија во тенка кора со големина на тепсијата (30 см). Кората ставете ја во тепсијата врз хартија за печење и премачкјате ја преку цела површина со растопен путер или маст.
Рамномерно распоредете една седмина од филот, па поклопете со друга кора. Постапката повторете ја додека да ги наредите сите кори. Последната кора малку подбутнете ја на краевите како да местите чаршав на кревет.
Нежно притиснете со дланката одозгора за да се сплесне питата (не премногу), па исечете ја на осмини. Одозгора премачкјате ја со едно разматено јајце и посипете ја со сусам или семе по ваша желба.
Ставете да се пече во добро загреана рерна на 200 степени првите 15 минути колку да зарумени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште приближно половина час. Топлата погача одозгора можете да ја премачкате со малку растопен путер.
Оставете малку да се подизлади па извадете ја од тепсијата и послужете ја топла или ладна, секако е многу вкусна. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Не заборавајте да направите ФАНУРОПИТА: Погача која се прави на 9 септември, се замислува желба и се носи во црква“ – ОВДЕ.