Направете „ледена торта“ – брза, вкусна и без печење. Некои од состојките можете да ги замените со други по ваша желба. Па така, во овој рецепт се користат суви смокви и суво грозје, а вие можете да ги замените со урми, брусница, суви кајсии или нешто друго по ваш избор. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бисквити по избор, 250 г мелени ореви, 250 г суво грозје, 250 г суви смокви, 250 г желе бонбони, 250 г чоколадо за готвење или по избор, 250 г маргарин/путер, 150 г шеќер во прав, 500 мл млеко, 5 кесички ванилин шеќер

ПОСТАПКА: Во подлабок сад во кој ќе можете да ги промешате сите состојки, искршете ги со рака биксвитите на помали парчиња. Додајте шеќер во прав и вабилин шеќер, па промешајте. Потоа додајте ги мелените ореви (или јатки по ваш избор).

Сувото овошје ситно исечкјате го, како и желе бонбоните, па додајте ги во мешавината. Сувото грозје по желба можете претходно да го натопите во рум или сок од портокал, па хидриран да го додадете го смесата.

Залијте со ладно млеко и промешајте. Путерот растопете го (не смее да зоврие, само да се растопи), па додајте го и промешајте. Во истото тенџерче растопете го чоколадото, па и него додајте го.

Добро промешајте со лажица додека сите состојки да се изедначат рамномерно. Смесата истурете ја во калап за торти со флексибилен обрач (24 см) обложен со стреч-фолија. Убаво притиснете за да нема празни простори во тортата.

Покријте ја и оставете ја неколку часа во фрижидер или најдобро преку цела ноќ. Потоа декорирајте со изматен шлаг или чоколадна глазура или нешто по ваша желба. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА: Од 4 состојки, просто неодолива, вкусот е неодолив и многу е кремаста“ – ОВДЕ.

ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА: Од 4 состојки, просто неодолива, вкусот е неодолив и многу е кремаста