За вкусни и сочни ребра кои се двојат од коската, а притоа имаат неодолив вкус – заслужна е маринадата. Ова е рецептот за најсочните ребра кој ги сруши сите рекорди. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Свински ребра со меснад дел од стомакот. Парчето месо што го користев е 3,5 кг. Прво избришете го вишокот вода од месото, а потоа посолете го со сол
ПРВА МАРИНАДА: 10 чешниња лук, 3-4 лажички, сол, црн пипер, рузмарин, 50 мл масло. Завиткајте го месото во хартија за печење, а потоа во алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер најмалку 5-6 часа. Оостојаното месо печете го во рерна на 180 степени 1 час и 30 минути.
ВТОРА МАРИНАДА: 150 г густ сос од домати (јас користев салса сос), 1 лажица масло, 2 лажици соја сос, 1 лажица балсамико оцет.
Извадете го месото со ребрата од фолијата, ставете го на решетката, премачкајте го со втората маринада и повторно вратете го на печење. Намачкајте ја едната страна и печете ја 20-25 минути. Потоа се превртува, повторно се премачкува и повторно се пече 20-25 минути на 180 степени. Деталите од секоја постапка погледнете ја ОВДЕ.
Целата тајна е во маринадата: Рецепт за празнични наjсочни ребра