Ова е еден ефикасен рецепт за прочистување на целото тело.особено на цревата, црниот дроб и бубрезите. Потребните состојки за негово приготвување се неколку плодови кои природата ни ги дала, а се преполни со антиоксиданти, витамини и минерали.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 зелено јаболко, 1 лимон, 1 портокал, 1 морков, 1 круша, парче ѓумбир со големина на палец, 300 мл вода
ПОСТАПКА: Ако јаболкото и крушата се органски, тогаш само измијте ги и исечете ги на помали парчиња (а ако се прскани, тогаш излупете ги). Од лимонот и портокалот излупете ја горната, тврда лушпа и отстранете ги семките.
Ѓумбирот излупете го, па и него исечете го на помали парчиња. Сите состојки ставете ги во блендер и сомелете ги во мазна каша. Растворете со 300 мл вода. За оние со чувствителен стомак, нека го процедат сокот низ цедалка.
За сите други, најдобро е да испие целата содржина сосе пулпата на плодовите во која се содржани диеталните влакна. Една половина од сокот испијте ја наеднаш, наутро на гладно, а остатокот допијте го во голтки, во следниот половина час.
После овој сок не треба да јадете 40-60 минути. Постапката повторувајте ја три дена по ред. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „ЦВЕКЛО И МЕД: Запишете си го овој рецепт, многу вкусна комбинација со лековито дејство од кое сите се воодушевени“ – ОВДЕ.