Вкусен и толку лесен за подготовка и не одзема многу време, готов е за еден час. Ќе ви требаат неколку состојки и ќе уживате во прекрасен, вкусен сос во текот на зимата кој можете да го користите за подготовка на пица, шпагети или како додаток на разни јадења.
Не содржи конзерванси и нема потреба да се пастеризира. Чувајте ги теглите на темно и ладно место и кога ќе ја отворите теглата чувајте ја во фрижидер до 2 недели.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 кг домати, 600 г пиперки, 1 главица лук, 1 китка магдонос, малку свеж босилек, на врвот од лажичка црн пипер, 1 супена лажица сол, 1 супена лажица шеќер
ПОСТАПКА: Доматите измијте ги и исечете ги на парчиња, па заедно со излупениот лук сомелете ги во блендер. Целата содржина сипете ја во големо и широко тенџере. Ставете да зоврие, а потоа намелете ја температурата на умерено.
Во меѓувреме исчистете ги пиперките и исечете ги на парчиња за полесно да ги сомелете во блендер. штом зоврие доматниот сос, додајте ги пиперките и промешајте. Гответе со повремено промешување 45 минути до 1 час.
Пред крај сомелете ги магдоносот и босилекот, па додајте ги во сосот и промешајте. Гответе уште 5 минути, па додајте сосем малку црн пипер, на врв од лажичката или не морате ако не го сакате.
Потоа додајте една супена лажица шеќер и една супена лажица сол. Промешајте за да се раствори. Теглите исперете ги и стерилизирајте ги. Врелиот сос складирајте го во топлите тегли и веднаш затворете ги со нови капаци и превртете ги наопаку.
На тој начин ќе се вакумираат. Оставете ги вака превртени да се оладат. Деталите од целата постапка за приготвување погледнете го ОВДЕ.
Не пропуштајте го и следниот рецепт: „ПЕЛАТИ ДОМАТИ ВО ТЕГЛА: Ниеден италијански сос не му е рамен по вкусот“ – ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
ПЕЛАТИ ДОМАТИ ВО ТЕГЛА: Ниеден италијански сос не му е рамен по вкусот