Овој рецепт е вистински бум, зашто нема на кој не му се допаднал. Овој колач не се пече и се приготвува за само 10 минути. Едноставно и лесно, измешајте ги сите состојки, а потоа само оставете да се олади 1 час во замрзнувач и толку. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 470 г петит бисквити (1 пакување), 100 г сечкани ореви, 250 мл млеко, 120 г шеќер, 4 супени лажици како во прав, 120 г несолен путер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г). За глазура: 150 г чоколадо

ПОСТАПКА: Бисквитите искршете ги со рака. Во тенџере ставете го путерот, млекото, шеќерот, ванилата и какаото во прав. Ставете на оган да се загрее и да се растопат сите состојки во еднолична смеса.

Во подлабок сад помешајте ги кршените бисквити и сечканите ореви, па залијте ги со топлиот прелив (не врел, туку топол накај млак). Повторно промешајте. Бисквитите ќе ја впијат сета течност.

Подготвената смеса е спремна да се смести во калап чии димензии и облик ги одбирате по желба. Калапот е најдобро да се обложи со хартија за печење или стреч фолија (или обична кеса). Истресете ја смесата во калапот и рамномерно распоредете ја.

Израмнете и оставете да се олади неколку часа во фрижидер или во замрзнувач (1 час). Превртете го врз десертна чинија и залијте го со глазура од растопено чоколадо.

Декорирајте со сечкани оревчиња или по желба. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте:„ЕВТИНА ТОРТА СО КРЕМ БАНАНЧИЊА: За помалку од 10 минути е готова, се прави од само 5 состојки“ – ОВДЕ:

ЕВТИНА ТОРТА СО КРЕМ БАНАНЧИЊА: За помалку од 10 минути е готова, се прави од само 5 состојки