Хемороидите се познати како јазли во и околу вашиот ректум. Тоа се отечени вени кои може да се иритираат и да почнат да крвават, болат или чешаат. Секој може да добие хемороиди, но ризикот се зголемува со возраста.
Често се подобруваат сами по неколку дена, но доколку сте загрижени, секогаш консултирајте се со вашиот лекар или општ лекар.
Кои се главните симптоми на хемороидите?
Постојат неколку симптоми на хемороиди, а тоа се: светло црвена крв после празнење на дебелото црево, чешање на анycот, чувство дека сè уште треба да обавувате нужда, лигава слуз на долната облека или на тоалетната хартија по бришењето, болка околу вашиот анyc.
Како се лекуваат хемороидите?
Со правилна исхрана, внесување течности и влакна. Потребно е да се намали внесот на алкохол, зачинета, пржена и лута храна. Лекарот би требало да направи ректоскопија за да утврди во која фаза се хемороидите, во зависност од тоа ќе ви препише или маст или лекови, а најверојатно ќе вклучи и пробиотик.
Која е основната разлика помеѓу хемороидите и ракот?
Хемороидите и одредени видови на рак може да имаат слични симптоми. Хемороидите се почести од ракот и се најверојатното објаснување за ректално крвавење или болка.
Симптомите на рак се малку различни од хемороидите, тие вклучуваат: катранесто темни столици, крв во столицата, ректално крвавење, чувството дека треба постојано да оди во тоалет;
-притисок кој не исчезнува по празнењето на дебелото црево, притисок или болка во стомакот, замор или слабост, необјаснета промена во навиките на дебелото црево, како што се честа дијареа или запек;
-несакано губење на тежината, гадење, анемија…
Многу од горенаведените симптоми може да бидат симптоми на воспаление на цревата, но и на нервозно дебело црево.
Мажите треба да ја направат првата колоноскопија на 50-годишна возраст, жените на 55-годишна возраст. Доколку во семејството постои историја на болеста, потребно е тоа да се направи порано. Ако почувствувате некој од овие симптоми, веднаш контактирајте го вашиот лекар.