Дијана Ѓоковиќ не крие дека не секогаш се согласува со исхраната што ја практикуваат Новак и неговата сопруга Јелена, но и дека „не се меша во нивниот избор“.

На голема радост на Стефан и Тара, нивната баба ги подготвува нивните омилени јадења секогаш кога ќе има прилика за тоа, односно кога родителите ќе ги донесат во Белград.

„Кога има време, се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да се прошетаме… Тие доаѓаат кај нас, за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки.

Секогаш слушаме: „Бабо, спреми ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме: „Какви сакате, безглутенски или нормални“, а Стефан вели: „Бабо нормални, остави ги безглутенските“, низ насмевка открива Дијана Ѓоковиќ.

Палачинките на Дијана Ѓоковиќ се лесни за подготовка, само следете го рецептот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 200 г брашно, 4 лажици масло, 300 мл млеко, 200 мл газирана вода, една или две лажички шеќер, прстофат сол

ПОСТАПКА: Скршете ги јајцата во подлабок сад и додајте ги шеќерот и солта. Се матат со миксер, се додаваат останатите состојки по следниот редослед: прво сипете половина од потребната количина брашно и млеко.

А, остатокот додавајте го постепено и наизменично за да не се направат грутчиња. Мешајте додека смесата да се изедначи. Полека додавајте газирана вода и масло и продолжете со мешањето.

Оставете ја смесата да отстои триесет минути во фрижидер, па црпете од неа со кутлача и печете ги палачинките во малку намастена нелеплива тава, по неколку минутки додека да заруменат од двете страни. редете ги една врз друга, па филувајте ги со вашиот омилен крем или џем и уживајте во сладењето.