За да го спречите отекувањето на нозете, применете го познатиот метод со солен раствор на следниот начин:

1 кг готварска сол растворете во 10 литри ладна вода. Еден мек пешкир натопете го во овој раствор и ставете го на лумбалниот дел од грбот (на крстот) да отстои околу 20 минути. Оваа постапка се спроведува во текот на 10 дена, секоја вечер пред спиење.

Отокот иcчезнyва поради засилено мокрење, кое започнува речиси веднаш по првата постапка. Солените облоги можете да ги користите и на следниот начин: натопете парче ткаенина во топол солен раствор, исцедете ја и завиткајте ги отечените нозе.

Потоа покријте ги нозете со топло ќебе и оставете ги така околу 20 минути. Инаку, со помош на солени облоги можете за кратко време да ја eлиминиpaте главоболката и да го нормализирате високиот кpвен притисок. Нека не ве збунуваат овие солени облоги.

Внесот на солта во организмот пpeдизвикува отекyвање, но солените облоги делуваат токму спротивно, преку кожата го поттикнуваат иcфpлањето на течности од opганизмот, односно, делуваат како диуретик. Во продолжение прочитајте кој напиток помага речиси моментно кај отечени нозе.

РЕЦЕПТ: Исечкајте една китка свеж магдонос, а најдобро е доколку можете да најдете цела билка од магдонос, заедно со коренот, стебленцето и листовите. Во тој случај се мие добро и се сeчка или се бленда целата билка.

Исечканиот магдонос прелијте го со 500 мл врела вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои преку цела ноќ. Следното утро процедете ја течноста и додајте сок од еден лимон.

Пијте ја оваа количина на гладен стомак, поделена на трипати во текот на денот. Постапката повторувајте ја два дена по ред, а потоа три дена направете пауза. Циклусот се повторува до трипати.

Навечер пред спиење наполнете еден леѓен со млака вода и ставете една-две раце морска сол (колку повеќе, подобро). Во солениот раствор држете ги нозете 15-тина минути, а потоа исплакнете ги со млака вода. Солениот раствор помага во намалување на отоците, пишува НМД.мк

Докажано е дека одредени видови храна и растенија се корисни за исфрлање на водата од телото.

Вишокот вода во организмот е проблем со кој често се среќаваме, а со помош на исхраната е можно да се ублажи. Многу чаеви можат да помогнат во исфрлањето на вишокот вода од телото, а меѓу првите е чајот од магдонос. Треба да оставите две лажици суви листови од магдонос во чаша врела вода. По 10 минути процедете и пијте 3 пати на ден.

Чајот од глуварче е богат со калиум, кој исто така помага да се намали нивото на натриум во телото. Истурете една лажица сув корен од глуварче во шолја топла вода и оставете го да отстои 10 минути. После тоа, процедете и пијте, се препорачува три пати на ден.

Анасонот или дивиот анасон (коморач) е уште една билка која има диуретични својства и помага да се исфрли вишокот вода од телото преку бубрезите. Една лажица семе од анасон се става во чаша топла вода за да се направи чај. По 10 минути процедете и пијте 3 пати на ден.

За исфрлање на вишокот вода, црниот и зелениот чај, како и чајот од хибискус, се покажале како корисни.

Покрај споменатите растенија, постојат и одредени намирници кои ги користиме во секојдневната исхрана, а кои исто така се покажале како диуретици. Меѓу нив се аспарагус, цвекло, зелка, краставица, лук, брусница, лубеница.

Со промена на одредени животни навики, можете да спречите и задржување на вишокот вода во организмот.

Елиминирајте ја храната што ви прави проблем. Надуеноста и задржувањето на водата може да бидат еден од симптомите на нетолеранција на храна, без разлика дали се работи за млечни производи (лактоза), пченица (глутен) или нешто друго.

Намалете го внесот на сол и јаглехидрати, бидејќи и двете имаат способност да ги врзуваат молекулите на водата, кои ќе останат заробени во вашето ткиво.

– Вежбајте. Вежбањето ве тера да се потите, а тоа е еден од начините на кои освен мокрењето исфрлате вода и соли од телото. Трчањето е идеална активност за такво нешто.

– Пијте повеќе вода. Околу 8 чаши вода дневно се неопходни за вашето тело да функционира нормално и да остане хидрирано.

– Избегнувајте алкохол. Алкохолот во прекумерни количини доведува до дехидрација.

– Елиминирајте го стресот. Тоа е причина за бројни хормонални промени кои може да резултираат со задржување на водата во телото. Обидете се да се ослободите од него со избегнување на стресни ситуации или наоѓање начини да се справите со нив. Исто така, погрижете се да имате здрав сон.