Болките во грбот измачyваат сè поголем број луѓе, но за среќа, постојат неколку вежби со кои ќе се олабават мускулите и затегнатоста, а со тоа ќе направат да исчезнат болките. Доколку и вие стpадате од болки во грбот, особено во долниот дел, овие вежби се како создадени за вас.
Вкочанетоста и болката во грбот може да го намали опсегот на движење и со тоа наруши квалитетот на секојдневното живеење и да ја намали работоспособноста.
Доколку болките се јавиле од неправилно спиење или долговремено изложување на неправилна положба поради работни услови и слично, не посегнувајте веднаш по лекови. Постои многу поедноставно и побезбедно решение за овој проблем.
Ви пренесуваме 10 ефикасни и едноставни вежби кои најдобро е да се изведуваат 3 пати на ден. Покрај тоа, треба да се цели кон зајакнување на мускулатурата која е главна поддршка на нашиот грб.
По 2 недели редовно практикување на овие вежби, болката треба да се ублажи, а ако продолжите и натаму да ги правите вежбите, таа засекогаш ќе исчезне.
Доколку подолг период чувствувате болка во грбот која не поминува, најдобро е да посетите ортопед или физијатар, па да ги направите потребните испитувања за да ја откриете причината, а соодветно на тоа и лекувањето на состојбата. Еве ги најдобрите вежби за грб:
Вежба 1
Седнете на подот и истегнете ги нозете. Нека растојанието помеѓу стапалата биде од 5 до 10 см. Ставете ролна од завиткано ќебе или крпа под колената и перница врз нозете. Полека свиткајте го горниот дел од телото кон нозете колку што можете повеќе.
Не обидувајте се да одите повеќе од важите граници на издржливост. Останете во оваа позиција 5 минути. На овој начин ќе ги опуштите мускулите и ќе ја отстраните болката.
Вежба 2
Легнете на грб, истегнете го целото тело и ставете малку повисок куп од крпи или ќебе под долниот дел на грбот. Останете во оваа позиција 5 минути. Ќе почувствувате како се растегнува целото тело, а болката станува помалку интензивна.
Вежба 3
Седнете на подот со испружени нозе додека горниот дел од телото е исправен. Истегнете ги рацете и обидете се да ги почувствувате прстите на нозете. Одете само до границата на издржливост.
Ако не можете да ги допрете прстите со рацете, не го присилувајте вашето тело. Не треба да чувствувате непријатност додека ја изведувате оваа вежба.
Вежба 4
Сите делови од телото се поврзани на некој начин. Постојат одредени точки на телото кои може да се притиснат за да се елиминира болката. Точката која ја ублажува болката во долниот дел на грбот се наоѓа зад коленото. Притискајте ги нежно со прстите 2 до 3 минути секој ден и многу брзо ќе почувствувате олеснување.
Вежба 5
За оваа вежба ќе ви треба тениско топче, а ќе го ставите под зaдникот. Во горниот дел на зaдникот има збир на нерви кои предизвикуваат голема болка, а сите непријатности исчезнуваат со опуштање.
Во овој случај, тениското топче ќе ја замени масажата. Во видео прилогот погледнете ги другите начини на кои можете да се ослободите од оваа непријатна болка – ОВДЕ.