Главоболка, неcоница, неpвоза, зголемен кpвен притисок, стегање во гpадите се симптоми на кои со недели се жалат многумина, од кои повеќето се хронични пациенти.

Наглите промени на температурата се главната причина за тоа, како и дневните промени од сончево кон врнежи, па доаѓа до висока влажност… Докторката Снежана Башиќ во посета на К1 објасни како да се справите со горенаведените симптоми.

д-р Снежана Башиќ

„Она што се случува со пациентите за жал е дpаматично. Речиси и да нема пациенти кои и покрај тоа си имаат проблеми со притисокот.

Пациентите си имаа стабилен притисок сè до почетокот на дождливото време, па се јавија и тегобите заедно со со огромните количества влага во воздухот“, објасни докторката која потсети дека сме први во Европа, а втори во светот, според број на заболени кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања.

д-р Снежана Башиќ

Кога станува збор за хроничните пациенти, д-р Башиќ истакна дека во овој период на високи температури после врнежите кога настапува испарувањето и се зголемува влажноста на воздухот, не треба да поминуваат премногу време надвор.

д-р Снежана Башиќ

„Не треба да излегуваат во природа и да вдишуваат премногу испарувања. На поладничко во соба, без преголема физичка активност, затоа што тогаш се бара од срцето да работи понапорно, а пак тоа доведува до поголема потрошувачка на кислород“, советува докторката и додава дека срцевите болни во овој период почесто треба да го мерат кpвниот притисок – три пати на ден.

д-р Снежана Башиќ

За крај таа потсети за особената важност од умереност во храната и пијалаците. Прилогот можете да го погледнете ОВДЕ, а во продолжение прочитајте како променливото време делува врз метеопатите. ВЕ БОЛИ ГЛАВАТА КОГА СЕ МЕНУВА ВРЕМЕТО: Докторка откри бесплатен, корисен лек.

Ако сте метероопат и припаѓате на онаа група луѓе кои секоја промена на времето ја доживуваат како некој да ги у дрил по глава, тогаш знајте дека не сте единствени, дека сè повеќе луѓе се соочуваат со овој проблем.

Метеоропатијата всушност е реално заболување, но честопати слушаме дека „не ни е ништо“, нека не е возможно едно „време“ да не поре-мети, а оние кои пaтат од оваа состојба ќе ви кажат дека се чувствуваат исто како да се болни или мамурни, а симптомите најсилно изразени.

Како еден лекар ја дефинира метеоропатијата и како можеме себеси да си помогнеме, објасни докторката по општа пракса, д-р Бисерка Обрадовиќ, која и претходно имаше излагања со корисни совети и препораки за луѓето. Текстот продолжува ОВДЕ.