ШАХ ТОРТА. Фото: Суе Манговски. Рецепт: Славица Георге
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 јајца
12 лажици шеќер
6 лажици топла вода
12 лажици брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
Постапка:
Се матат белките со шеќерот во цврст снег, се додаваат жолчките па брашното со прашок за печиво.
Се пече 45 минути на 180 степени во тркалезен калап.
Ова е белата кора, се прави уште една, кафеава кора: сè исто плус се додаваат 4 лажици какао.
За фил:
5 шолји млеко
2 шолји шеќер
2 шолји гриз
Постапка:
Се става на оган и се вари со постојано мешање додека да згусне.
Настрана пенасто се мати 1,5 путер (375 г), па се меша со изладениот крем.
Редење:
Двете кори се сечат хоризонтално надолж да добиете од секоја по две, вкупно 4 кори.
Направете форми-кругови од хартија почнувајќи од помало кругче па до најголемо, видете фото, па користете ги како модли според кои ќе ги исечете корите.
Потребни ви се 4 кругови со различна големина, па кога ќе ги исечете ќе добиете 4 прстени и едно мало, централно кругче.
Потоа следува комбинирањето, вадете еден прстен од белата кора и заменете го со прстен од црната кора. Така ќе добиете наизменично шарени четири кори, меѓусебно споени со фил.
Редете кора со прв кафеав прстен, премачкајте со фил, па потоа кора со прв бел прстен и продолжете така до крај.
Тортата декорирајте ја по желба и изладете пред послужување.
Фото: Суе Манговски. Рецепт: Славица Георге