Ова јадење е повкусно и од пржени лепчиња. Се подготвува за кратко време, одличен оброк за кога немате многу време или сте уморни од готвење. Овој рецепт многу го воодушеви маж ми и речиси секоја вечер ми вели да му направам. Бидејќи содржи леб и кашкавал, го правам трипати неделно.
Ова е наједноставниот рецепт за богати пржени лепчиња од рерна – француски тост. Се приготвуваат така што се прелеваат со мешавината од јајца, а однатре се филуваат со кашкавал и сувомеснато. Се користи бриош леб кој одлично ја впива мешавината од јајца, но може да користите и обичен леб на кришки. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 12 парчиња леб (бриош), 12 парчиња кашкавал исечкан на листови, 6 парчиња шунка (или некое друго сувомеснато), 2 јајца, 100 мл млеко, прстофат сол, малку рендан кашкавал, малку путер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 6 јајца, 200 мл млеко, 30 г ситно сечкан свеж магдонос, 250 г рендан кажкавал (чедар или по ваш избор) и една цела векна леб или најдобро тост леб кој е исечен на тенки парчиња.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден плех за печење, наредете 6 парчиња леб, малку одвоени. Врз секое парче леб, наредете по едно парче кашкавал, кој треба да биде тенко исечкан. Врз кашкавалот ставете едно до две парчиња шунка, кулен, сланина или некое друго сувомеснато.
Потоа, ставете уште две тенки парчиња кашкавал и затворете го секое лепче со уште едно парче. Настрана изматете ги пенасто јајцата со 100 мл млако млеко. Посолете по вкус. Секое сендвиче или парче леб натопувајте го во смесата со јајца.
За лепчето да не ви се распадне, натопувајте го со помош на кујнска штипалка, така што целосно ќе ги натопите лепчињата и ќе ги вратите во плехот. Преостанатата смеса од јајца и млеко излејте ја преку лепчињата. Врз секое лепче, ставете две коцки путер (тенки).
Настрана изрендајте малку кашкавал, па наредете врз лепчињата. Печете 15-20 минути во загреана рерна на 190-200 °C. Ова е рецептот за француски тост oд рерна, а во продолжение прочитајте ја постапката за пржени лепчиња од рерна:
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад скршете ги јајцата, посолете и запиперете по вкус, додајте го млекото и изматете со жица-маталка додека да се изедначат состојките. Подгответе калап со димензии 15х22 или каков имате наменет за леб или ролат кој е тесен, долг, а длабок.
Доколку е нелеплив калапот не треба да го намастувате, а доколку има потреба, тогаш намастете го или обложете го со хартија за печење. малку истурете во калапот колку да се прекрие дното, па ставете го целиот леб внатре. Преку лепчињата рамномерно полијте ја целата смеса.
Со силиконска четка премачкајте го секое парче за да може убаво да ја впие смесата. потоа наросете ситно сечкан магдонос (помагајќи со лажица за да навлезе помеѓу секое парче), а потоа на истиот начин наросете и рендан кашкавал. Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени, околу 15 минути. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.