Oваа богата торта е една од тортите која е идеална за сите прилики и со која нема да погрешите. Тортата е голема и многу кремаста и сигурно ќе ги задоволи дури и најпребирливите вкусови. Малку е подзаборавен овој рецепт, а доколку барате квалитетен рецепт, ова е вистинскиот избор.

Постапката всушност е многу проста и изгледа приближно вака: се печат две или три кори во зависност од тоа дали сакате тортата да биде покремаста или поцврста и крцкава. За филовите може да правите многу комбинации, а исто така, нема некој редослед на слевите за филување.

Обично најдолу се става најгустиот крем за да ја држи тортата, по ваша проценка, а најгоре би требало да се стави најмекиот крем. Совршен избор за сите прилики во кој нема да погрешите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЕДНА КОРА (СЕ ПЕЧАТ 3 ИЛИ 4): 4 белки, 4 лажици шеќер, 1 жолчка од јајце (останатите се чуваат за кремот), 1 лажица брашно, 50 г мелени ореви. ЗА КРЕМОТ: 9 или 12 жолчки, 150 г шеќер, 120 г скроб, 750 мл млеко, 250 г путер, 100 г шеќер во прав.

За првиот крем: 100 г чоколадо. За вториот крем: 1 лажица нес кафе, 1 лажица топла вода (наместо нескафе може да ставите 100 г бело чоколадо или кокос). За третиор крем: 100 г мелени ореви.

ПОСТАПКА: Веднаш вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег (приближно 5 минути), а потоа додајте една жолчка и повторно изматете, додека да се соедини. Додајте го брашното и оревите и со шпатула измешајте сè додека да се формира мазна смеса.

Излејте ја смесата во обложен плех (кружен, со флексибилен обрач) со димензии од 26 см или приближна големина. Печете околу 15 минути или додека горниот дел на бисквитот да добие светло-кафеава боја. Вака испечете уште 2 или 3 кори.

Избирете сами колку кори ќе испечете, во зависност од тоа дали преферирате покремаста торта, па нема да ви треба таа четврта кора или сакате да добиете повисока и поцврста торта (во тој случај печете 4 кори). Торта со 4 кори може да се покрие со фондан.

За филот изматете ги жолчките, без разлика дали се 9 или 12, со шеќерот, скробот и малку ладно млеко издвоено од 750 мл. Остатокот од млекото го ставаме на оган да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, се вари масата со жолчките и се меша додека да се згусне. Важно е смесата со жолчки да е претходно добро изматена со жица или маталка, за да нема грутки.

Се трга од оган, се покрива со кеса или фолија и се остава да се излади. Изладениот пудинг од жолчките разредете го со миксер. Изматете го омекнатиот путер со шеќерот во прав, па додајте го изматениот пудинг и сѐ заедно изматете во едноличен крем.

Добиениот крем се дели на 3 дела. Во едниот дел додајте растопено и изладено темно чоколадо, во вториот дел мелените ореви, а во третиот дел нес кафето измешано во топла вода. Филување: Врз првата кора премачкајте го кремот кој е најцврст, а тоа е со чоколадо.

Останатите два крема премачкајте ги по желба. Тортата ја декорирате по желба, може веднаш да се декорира бидејќи е цврста. Деталите од целата постапка може да ги погледнете ОВДЕ.