Ова не се обични пржени лепчиња, ова се најдобрите лепчиња што ќе ги пробате – со месо

Сите знаат како се приготвуваат пржени лепчиња, бидејќи се еден од омилените оброци за појадок кој се подготвува многу брзо. Но, ако ги намачкате лепчињата со мелено месо и ги потопите во многу вкусен сос, ќе добиете вкусен и заситен оброк кој можете да го послужите во кој било период од денот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелено пилешко месо, 1 главица кромид, сол и мелен црн пипер по вкус, зачини за месото по вкус, леб (најдобро багет или некој со потврда кора). ЗА СОС: 150 г кисела павлака или цврст јогурт, 3 јајца, 1/3 лажичка сол, 4-5 супени лажици брашно за да се добие конзистенција на густ јогурт.




ПОСТАПКА: Изрендајте една главица кромид и додајте ја во меленото бело месо. Зачинете со сол и црн пипер, а доколку сакате може да додадете уште некој зачин по ваш вкус. Добро промешајте за да се соединат сите состојки и рамномерно да се распоредат зачините.




Месото покријте го со фолија и оставете го накратко во фрижидер додека го приготвувате сосот. Во еден подлабок сад скршете три јајца и додајте 150 г кисела павлака, посолете и добро изматете со жица маталка додека да се изедначат состојките.




Потоа додајте 2-3 полни супени лажици брашно, добро промешајте, па оценете уште колку брашно треба да додадете. Смесата треба да биде добро изматена, да нема грутчиња, а по густина да биде слична на смесата за палачинки.




Во меѓувреме исечете го багелот/лебот на парчиња со дебелина од приближно 1,5 см. Во широка нелеплива тава ставете да се загрева 50 мл масло за готвење на умерено ниска температура.




Секое лепче од едната страна премачкјате го со слој од мелено месо, како кога мачкате паштета. Потоа потопете го во приготвениот сос од јајца и кисела павлака. Лепчето треба добро да се натопи од двете страни.




Вака приготвените лепчиња спуштајте ги во загреаното масло со страната која е премачкана со месо. Пржете на умерена температура. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаПовеќе не правам лиснати кифли со маргарин – го миксам маслото и ги мачкам корите, а кифлите растат како пуфки
Следна статијаПЕЧИВА ОД ГОТОВО ТЕСТО И КОМПИР: меки и лесни како душа, со овој рецепт нема да погрешите