Крофните, мекиците, пишиите.. се едни од омилените теста кои може да се комбинираат на најразлични начини. Постојат многу рецепти за нив, а оние кои редовно ги прават, знаат дека процесот е лесен.
Секој си има своја верзија и рецепт, кој најчесто е наследен од постарите генерации.
Во продолжение може да прочитате два многу рецепти. Првиот рецепт е за солени крофни или мекици (како сакате наречете ги) со лук, а базата е јогуртна. Излегуваат многу меки и воздушести и се прават за многу кратко време.
Одлични се за појадок или вечера. Вториот рецепт е на Валентина Машковиќ за посни, шупливи крофни, кои може да се направат солени или благи. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 5-6 чешниња лук, 2 јајца, 150 мл јогурт, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка сол, 300 г брашно, копар.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 400 мл вода, 1 лажичка шеќер, 1 лажица брашно, 30 г свеж квасец, 4-5 лажици шеќер, 100 мл масло, 2 кесички ванилин шеќер, 700 г брашно + 50 г, прстофат сол.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Одвојте ги чешнињата лук и сомелете ги. Пастата од лук префлете ја во подлабок сад, па додајте ги јајцата, кои треба да бидат отстојани на собна температура.
Соединете ги состојките со жица/маталка, па додајте го јогуртот, сода бикарбоната, солта и сечканиот копар и соединете со миксер.
Потоа, истресете го просеаното брашно и замесете фино и меко тесто, кое не треба да се лепи под прсти. На набрашнета површина развлечете го тестото со оклагија, а под него ставете хартија за печење за да не ви лепи, па со помала чаша или модли вадете ги крофничките.
Кога ќе ги извадите првите крофни, повторно замесете го остатокот од тестото, па развлечете го и повторно вадете кругови-крофнички и така сѐ додека да го потрошите целото.
Крофничките се пржат на врело масло по неколку минути, додека да поруменат, па се вадат на хартиена салфетка.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Растворете го квасецот во 400 мл млака вода и додајте една лажица шеќер и 1 лажичка брашно (за солени крофни доволно е половина лажичка шеќер).
Измешајте ги состојките со жица/маталка и почекајте квасецот да се активира. Кога квасецот ќе набубри додајте 100 мл масло, 3-4 лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер (за благи крофни, а за солени додајте околу 1/2-1 лажичка сол).
Измешајте ги состојките нежно, па постепено започнете да го додавате брашното. За оваа количина ќе ви бидат потребни од 700-750 г брашно.
Јас искористив околу 700 г, но сѐ зависи од тоа брашното колку апсорбира од течностите, затоа е важно да го додавате постепено. Замесете го тестото со дрвена лажица, нема потреба да го допирате со рака.
Кога добро ќе се замеси, ќе забележите дека самото се одвојува од лажица. Покријте го и оставете го покриено со кеса на топло место да отстои еден час, додека да се удвои во големина.
Кога тестото ќе нарасне, наросете ја работната површина со меко брашно, истресете го тестото и месете нежно и полека, додека да излезат акумулираните гасови во тестото.
Површината и тестото повторно наросете ги со брашно и развлечете кора со дебелина од 1. Вадете ги крофните со чаша или модла и редете ги настрана, под крпа.
Доколку сакате крофничките да ви изгледаат подекоративни, со помал калап вадете по едно крукче на средината, а топчињата (остатокот) пржете ги на истиот начин како крофничките, тие се нарекуваат фритули.
Крофничките пржете ги во длабоко, загреано масло од двете страни, со повремено превртување, додека да поруменат.
Ова е рецепт за посни крофни, кои може да се јадат благи или солени. Доколку ги правите благи, по пржењето валкајте ги во шеќер. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а за вториот ОВДЕ.