Чоколадната торта е највкусниот десерт кој се послужува на секакви свечености, почнувајќи од родендени, слави и празници. Чоколадната торта може да ја правите посна или масна, но во секој случај, таа излегува секогаш сочна и можат да ја направат и почетници.




Никој досега не промашил со овој рецепт. Сите го фалат, а понекогаш домаќинките ја удвојуваат дозата бидејќи оваа торта е најјадената од сите други досега. Дечињата се големи љубители на чоколадото, па оваа торта е фантазија за нивните вкусови, пишува НМД. Еве што ви е потребно за да ја подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТОТ: 3 јајца, прстофат сол, 150 г кристал шеќер, 8 г ванилин шеќер (1 кесичка), 100 мл масло, 100 мл млеко, 160 г брашно, 20 г какао, 16 г прашок за печиво (1.5 кесичка).

ЗА НАТОПУВАЊЕ НА КОРАТА: 150 мл топла вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица инстант кафе. ЗА ГЛАЗУРА: 200 мл крем за готвење, 150 г темно чоколадо. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: бадеми, чоколадни трошки/рендано чоколадо.




ПОСТАПКА: Јајцата и млекото треба да бидат отстојани на собна температура, минимум 1 час пред подготовка на тортата. Ставете ги јајцата во еден подлабок сад, додајте прстофат сол, кристал шеќерот и ванилиниот шеќер. Започнете да ги матите состојките со миксер додека да се зголеми волуменот на смесата и да обели.




Постепено започнете да го додавате маслото, па потоа млекото, додека непрекинато миксирате. Кога ќе ги соедините состојките, тргнете го миксерот настрана. Соединете ги посебно брашното, какаото и прашокот за печиво, па низ сито просеани додајте ги во смесата. Соединете со помош на лажица.




Во еден кружен калап со дијаметар од 26 см или слична големина, обложете хартија за печење или намастете и набрашнете го калапот. Излејте ја чоколадната смеса во него, израмнете и малку истапкајте го калапот од површината, за да излезат насобраните гасови од дното на калапот.




Бисквитот печете го во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути. Проверете дали е печен со чепкалка. Кога бисквитот ќе се испече, оставете малку да се олади, а во меѓувреме направете ја смесата за натопување на кората.




Измешајте топла вода, шеќер и инстант кафе и прелијте преку оладената кора. На овој начин кората од бисквитот ќе биде хидрирана и сочна. Потоа извадете го бисквитот од калапот и избоцкајте го на неколку места со помош на нож (погледни фото).




ЗА ГЛАЗУРА: Растопете го чоколадото со кремот за готвење и со глазурата прелијте врз бисквитот. Оставете чоколадото малку да се стегне и да впие од глазурата, па декорирајте по желба со мелени бадеми и чоколадни трошки или нешто по ваш избор. Послужете ја тортата со сечење на триаголни парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.