Постојат два основни рецепти за тартар сос: во едниот преовладува вкусот на мајонезот, а во другиот преовладува вкусот на киселата павлака. Во оној кој содржи повеќе мајонез се додава и копар, ароматична билка која го прави специфичен тартар сосот.

рецепт 1

Другиот рецепт, оној кој се приготвува со кисела павлака, има понеутрален и поосвежителен вкус, па може да се користи како додаток на буквално секое јадење, а не само на похуваните. Основната состојка на тартар сосот се всушност киселите краставички кои можат да се рендаат или сечкаат.

Без разлика дали го сакате посилниот вкус со мајонез и копар или киселата павлака со магдонос, испробајте ги и двата рецепти кои ќе ви ги претставиме во продолжение, па сами одлучете кој повеќе ви одговара, пишува НМД.

рецепт 2

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 г кисели краставички, 2 супени лажици ситно сечкан свеж лист од магдонос, 1 чаша кисела павлака (180 г), 1 мала лажичка сенф, 1 супена лажица мајонез, 1 прстофат сол, малку свежо мелен црн пипер, сок од половина лимон, 1-2 чешниња лук

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г мајонез, 2 големи лажици кисела павлака колку може помасна (со повисок % млечни масти), 5 кисели краставички, 2 чешниња лук, 1 лажица магдонос, 1 лажица копар, 1 лажичка сенф, сол, црн пипер.

ПОСТАПКА за рецепт 1: Во овој рецепт киселите краставички ситно се сечкаат наместо да се рендаат. Исечкајте ги колку што можете поситно и тргнете ги настрана. Во подлабок сад истурете ја киселата павлака (користете со повисок процент на млечни масти доколку е можно).




Додајте мала лажичка сенф, голема лажица мајонез, многу ситно исечкан свеж магдонос, ситно сечканите кисели краставички, ситно сечкано, рендано или лукче истиснато низ преса, сок од половина лимон, посолете и запиперете по вкус.




Добро промешајте додека сите состојки рамномерно да се распоредат. Изладете пред сервирање. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ. За вториот рецепт пак, киселите краставички треба да ги изрендате и да ги исцедите од вишокот сок. Еве што друго треба да направите:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Во еден длабок сад измешајте ги мајонезот, павлаката, сенфот, ренданите краставички убаво истискани од сокот, ситно сечканиот лист од копар и магдонос. Додајте рендан лук (или истиснат низ преса). Посолете и запиперете по вкус. Во фрижидер може да стои 2-3 дена.