Ова е еден од оние старински колачи кои редовно ги приготвуваа нашите мајки и баби, сочен и со богат вкус на ореви. Освен ореви можете да додадете и мешавина од мелени јатки како бадеми и лешници, па со тоа да додатете и нота од сопствениот вкус. Еве што ви е потребно за мрсна и за посна верзија:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 250 г беби гриз. ЗА СИРУП: 3 чаши шеќер и 2 чаши вода. ЗА КРЕМ: 2 шлаг креми со вкус на ванила приготвени според упатството на кесичката + малку мелени ореви за декорација

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за посен колач: 350 мл свежо исцеден сок од портокал, 4 супени лажици домашен џем од шипки (или по ваш избор), 120 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 2 портокали – рендана кора, 180 г печени мелени ореви, 100 г остро брашно или гриз, 2 лажици темно чоколадо, 1 кесичка прашок за печиво и 100 мл масло

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 100 г посно чоколадо, 2-3 лажици домашен џем од шипки + малку за премачкување на кората (или џем каков имате), 120 г посни мелени бисквити, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 мл свежо цеден сок од портокал. За наросување: 50 г сечкани ореви




ПОСТАПКА за рецепт 1: најпрво пенасто изматете ги четирите јајца заедно со една чаша шеќер, сè додека тој да се растопи, а јајцата да згуснат во светол крем. После 5-8 минути матење, додајте една чаша масло во тенок млаз додека непрекинато матите со миксерот.




Потоа на ист начин додајте една чаша млеко, а потоа намалете ја брзината на миксерот и додајте една чаша мелени ореви. Во брашното додајте една кесичка прашок за печиво, па додајте го во течните состојки низ сито, на неколку наврати.




Изедначете ја смесата да нема грутчиња, па излејте ја во приготвен плех со средна величина, намастен и наросен со малку брашно. Израмнете ја смесата и малку протресете го плехот, па ставете да се пече во загреана рерна на 250 степени.




Штом го ставите колачот да се пече, намалете ја рерната на 200 степени. Печете приближно половина час или проверете со чепкалка. Потоа додека се лади пригответе го сирупот: на оган ставете го шеќерот со водата да се вари додека шеќерот целосно да се растопи.




Топлиот/млак колач полека залијте го со топлиот сируп, па оставете целосно да се олади до собна температура. Потоа изматете го шлаг кремот и премачкјате го колачот, а одозгора наросете мелени ореви. Послужете изладено во фрижидер. / Domaсica.сom




ПОСТАПКА за рецепт 2: Портокалите добро измијте ги. Изрендајте ја кората од два портокали, а потоа исцедете вкупно 500 мл сок (мене ми беа потребни 4 средни доста сочни портокали). Може да користите и купечки сок од портокал или некој друг сок, по ваш вкус.

Оревите може и така, сирови да ги користите, но уште поубави се ако ги истостирате. Ставете ги во тава и на суво пропржете ги 10-тина минути на умерен оган, водејќи сметка да не загорат. Кога ќе бидат истостирани и убаво ќе замирисаат, префрлете ги на крпа, оставете да подизладат и протријте ги за да излезе тенката лушпа. 180 г сомелете а остатокот исечкајте ги за наросување.




Во еден сад ставете 350 мл сок од портокали и додајте џем од шипки (со средна густина), шеќер и ванилин шеќер, рендана кора од портокал, мелени ореви и просеани прашкасти состојки. Убаво промешајте и соединете до изедначување. На крај во тенок млаз додајте масло со постојано мешање.




Смесата излејте ја во плех со димензии 30х20 см или приближна величина, претходно обложен со хартија и печете на 160 степени околу 25-30 минути (кај посилен шпорет, а кај послабите зголемете ја температурата на 180 степени или прилагодете кон вашата рерна). Печената кора извадете ја да излади. Останува сочна и мека.

За фил: на тивок оган растопете го чоколадото помешано со џем. Мешајте постојано и загревајте на многу тивок оган или на пареа, додека да се соединат двете состојки. Во посебен сад добро измешајте ги мелените бисквити заедно со сокот и ванилиниот шеќер.




Потоа натопените кекси додајте ги во претходната смеса и убаво промешајте за да се соединат сите состојки а смесата да се изедначи. Филот нанесете го врз кората и одозгора наросете сечкани ореви. Колачот исечете го на коцки или штангли по желба. Може да се послужи топол или ладен.