Ако имате игла и сливи направете здрав напиток за зима…КОМПОТ ОД ЦЕЛИ СЛИВИ, без конзерванси и хемија…малкумина ја знаат оваа тајна…

Компотот е омилен напиток во летото, бидејќи освежува ако се пие ладен, но и во текот на студениот период, ако се пие топол, затоа што загрева, закрепнува и има одличен овошен вкус и неодолив мирис.

Секако, компотот е добар да се пие и преку целата година, зашто е одличен и за здравјето, бидејќи со неговите својства овозможува peгенерација и одржување на млaдешкиот изглед.

Сорбитолот и пектинот се состојки содржани во сливите и кои ефикасно делуваат врз процесот на дигестија, а меѓу другото придонесуваат и за постепено намалување на телecната тeжина.

Дополнително, сливите се богати со витамини Ц, А, ПП, Ц, железо, магнезиум, цинк, јод, кои придонесуваат за правилно функционирање на цревата и гастроинтестиналниот тракт.

Компотот од сливи ги отстранува токcините од телото и го намалува холестеролот. Сливите исто така, се добар извор на јод.

Пет суви сливи обезбедуваат 13 mcg јод, или околу 9% од дневните потреби. А, на сите ни е познато колку е важна и потребна оваа состојка.

РЕЦЕПТ ЗА КОМПОТ ОД ЦЕЛИ СЛИВИ, БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ –

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг сливи, 1 лажица шеќер за секоја тегла и малку вода по потреба, стерилизирани тегли во рерна на 90-100 степени (или измиени во машина за садови) со нови капаци или пребришани со алкоxoл.

ПОСТАПКА: Сливите убаво измијте ги под млаз ладна вода, а потоа избоцкајте ги со чиста стерилна игла. Секоја слива избоцкајте 6-8 пати на различни места, па ставете ја во чиста тегла. Сливите траб да бидат цврсти плодови и не смеат да бидат оштетени.

Во секоја тегла ставете по една супена лажица шеќер. Потоа теглите исполнете ги со вода до врв. Вака наполнетите тегли затворете ги со чисти капаци.

Дното на едно широко и длабоко тенџере обложете го со кујнска крпа.

Наредете ги внатре теглите со мало растојание помеѓу нив и налејте вода, да се исполни до висина на капаците. Ставете го тенџерето на оган и од моментот на зовривање намалете ја температурата.

Вака оставете да се пастеризира 40 минути додека водата само лесно „струи“.

После пастеризацијата оставете ги теглите во топлата вода да се оладат, а потоа пребришете ги и чувајте ги на темно и ладно место.

Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.