Лубеницата е едногодишно растение од фамилијата Cucurbitaceae. Расте од семе, во топла клима , а бидејќи содржи голема количина на вода, лубеницата претставува идеално летно овошје, а токму тогаш и зрее.

Се одгледува на отворно, во заштитен простор или комбинирано. Во заштитен простор, онаму каде што има медитеринска клима најмногу се исплаќа ранопролетното одгледување, веднаш после зимско- пролетната салата, додека во местата со континентална клима одгледувањето зависи од сончевите периоди. Во овој пост ќе објасниме како да направите висечки лежалки за лубениците кои ќе дадат исто богат род како да биле одгледувани на отворено.




Длабоко изорана почва и многу вода се клучни фактори за добар развој на лубениците. Ако се сади во саксија, таа треба да биде голема.

Почвата каде што ќе се садат лубеници мора да биде растресита, со добра структура, длабоко изорана уште од есента. Идеални почви се алувијалната и глинесто-песоклива. Ладната и набиена почва не е соодветна за одгледување на оваа култура.

Коренот на лубеницата е долг понекогаш и повеќе од 2 метри, но во слојот од 40 до 50 сантиметри од површината е неговата најголема маса. За добар раст и родност, киселоста на почвата треба да има pH вредност од 5,0 – 5,5.




Минималната температура за ‘ртење на семето е околу 15 степени Целзиусови, а оптималната околу 30 степени Целзиусови. Ако во текот на одгледувањето на лубениците температурите паднат под 10 степени Целзиусови, растението ќе почне да пожолтува и многу тешко ќе се опоpaви дури и ако покасно температурите бидат поволни.

Што се днесува до снабдувањето со вода мора да ја има доволно, посебно во фазата на цветање и кога се формира плодот. За раст и развој на лубениците потребно е 300 -400 м3 вода на хектар, што пред се зависи од временските услови (суша или не).




ПОСТАПКА: најпрво потребно ви е семе од лубеница. Потопете го во чиста вода (на собна температура) и оставете го да кисне 4 часа. Процедете го, па распоредете го врз влажно марамче (за бебиња, кое не содржи алкoxoл), поклопете го со друго марамче одозгора, па свиткајте го и издиплете го, па ставете го во некоја кутија со капак, на темно и топло место два дена.




После два дена семето ќе биде изртено и спремно за садење. За расад најдобро е да користите пластични чашки на чие дно треба да направите отвори за да може водата да дренира.

Наполнете ги со хумусна почва, со прстот направете мало дупче во средината и во него засадете по една изртена семка лубеница. Оставете ги неколку дена на тополо и осветлено место додека да пораснат 10-тина см и бидат подготвени за пресадување. Во меѓувреме наводнувајте ги по потреба.




Подгответе ги саксиите кои треба да бидат големи и длабоки, а за таа намена може да послужат и големи пластични решеткасти корпи, кои треба да се обложат со хартија на дното и ѕидовите и да се наполнат со хумусна почва. Во средината поставете исечено до половина пластично шише, на кое претходно сте направиле дупки на ѕидовите и капачето.




Наполнете го парчиња исечена лушпа од банана и наполнете го со вода (природното ѓубриво од банана можете да го направите неколку дена претходно). Засадете по две коренчиња во вака приготвената саксија (доколку е помала, тогаш само едно). Навадувајте по потреба, а како што ќе расте билката, така ставајте и потпора. Направете мрежа по која ќе може да се плете билката и да расте нагоре, во висина.




После 7 дена треба да му се откине врвот на растението, пупка која содржи шест ливчиња. После десет дена, растението ќе почне да ползи по мрежата, па соодветно на тоа, потребно е да му се помогне за потпората и ако е потребно да се подврзува. Вишокот гранчиња треба да се отстрануваат за да не му ја земаат силата на главното стебло.




Набрзо ќе се наполнат со цветови, па треба да ги препознаете машките цветови. Откинете еден машки цвет и опрашете ги со него женските цветови за да обезбедите сигурен плод. После 45 дена лубениците ќе бидат малку пораснати, па ќе биде потребно да се изработат „лежалките“ на кои ќе можат безбедно да растат со потпора. Остатокот од постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.