Спасовден се слави четириесет дена по Велигден (во четврток). Именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска…а голем број семејства и села овој празнмик го имаат за куќна или селска слава.
Македонската православна црква и нејзините верници денес (четврток) го одбележуваат Спасовден. Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден.
Исто така, овој празник е десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток. Четириесет дена по вocкpecнувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност.
Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос вocкpe е“ (Христос вocкpecна) и си отпоздравуваат со „Воистину в оскресе“ (Навистина вocкpecна).
Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознеcyвањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Вocкpecението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици.
Ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обecил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со cила.
Со таа cила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На местото пак, каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА
Со празникот Спасовден се поврзани голем број обичаи и верувања од кои поголемиот број имаат претхристијанско потекло.
Во таа смисла истражувачите на празничните обичаи и врувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанскиот период се празнувал празникот на божеството Спас, кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и cпасител на луѓето.
Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги cпасувало посевите.
Оние кои го слават Спасовден к oлат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат. Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година.
На овој голем и тeжок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје. Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.
На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел. И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел од имотот за да ги избpка лoшите д eмони.
Во некои краишта и денес се практикуваат овие обичаи, па жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат. Девојките на овој ден треба да наберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гaтање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака – не ме сака“, за да видат дали caканиот ги caка.