Фантастични ледени коцки, ова е токму рецептот кој го приготвуваа нашите мајки, па добро е да се сочува од заборав. Колачот е многу вкусен и доста излегува, а кој го сака повисок, односно со поголем слој крем, може да измати уште 100 г шлаг или слатка павлака.




Преубав, сочен и проверен рецепт. Ледените коцки се старински колачи со многу кремаст вкус. Нашите баби и мајки ги подготвуваа на најразлични начини, некои додаваа овошје, а некои ги правеа само чоколадни..




Од овој рецепт излегуваат колачи за најмалку 10 лица, доволно за кога ќе ви дојдат гости или имате некоја прослава. Во продолжение може да го прочитате рецептот кој е неверојатен по вкус, се топи во уста. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 2 лажици какао, 8-10 лажици врел сируп за натопување на кората. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 7 лажици брашно, 6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 250 г маргарин/путер, 200 г шеќер во прав. ЗА ГЛАЗУРА: 150 г чоколадо, 2 лажици какао, 2 лажици шеќер, 3 лажици вода, 3 лажици масло.




ПОСТАПКА: Одвојте ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги со миксер, па кога ќе добиете снег, додајте 6 лажици шеќер и продолжете да матите додека смесата да стане цврста и сјајна.

На крај додајте ги жолчките, па уште малку изматете за да се соединат. Во смесата додајте 6 лажици брашно и 2 лажици какао. Изматете прво со шпатула, а потоа завршете со миксер.




Добиената смеса излејте ја плех од рерна (или средна величина) претходно обложен со хартија за печење. Израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени. Проверете со чепкалка кога е готово.




За фил: Во пдлабок сад ставете 7 лажици брашно, 6 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер, па промешајте. Додајте 250 мл млеко, па изматете убаво да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган, па кога ќе зоврие додајте ја разматената смеса.




Варете со постојано мешање додека да се згусне, а потоа оставете настрана целосно да излади. Од печената кора извадете ја хартијата, а потоа натопете ја со малку врел шербет (8-10 лажици или по вкус, сирупот пригответе го од еднакви делови вода и шеќер, загреано на оган додека да зоврие и да се растопи шеќерот).




На страна пенасто изматете 250 г путер со 200 г шеќер во прав. Во изматениот путер постепено додавајте го изладениот крем и со матење соединиете ги. Добиениот фил рамнемерно нанесете го врз кората и израмнете. Ставете во фрижидер додека ја приготвувате глазурата.




За глазура: во еден сад ставете 150 г чоколадо за готвење, 2 лажици какао, 3 лажици вода, 3 лажици масло и 2 лажици шеќер. Загревајте на пареа или на многу тивок оган додека да добиете мазна смеса. Оставете малку да излади, па прелијте рамномерно врз колачот. Оставете убаво да се излади и стегне во фрижидер, а потоа сечете на коцки и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.