Здравјето е неопходен дел од нашите животи на кое треба да посветиме најмногу внимание. Покрај здравиот начин на исхрана и здравиот стил на живот, потребно е барем еднаш во годината да се направат лабораториски и други тестови.

Доколку се појави некој здравствен проблем, најчесто чувствуваме бидејќи секој најдобро си го познава сопственото тело. Но, некогаш болеста може да напредува и да настане тивка „eпи-демија“ во организмот, а ние да не знаеме за тоа.

Затоа е потребно редовно да се тестирате, да посетувате систематски прегледи и покрај тоа што немате никакви симптоми и сте целосно здрави. Редовната кр-вна слика и специјалните тестови може да одредат потенцијален здравствен проблем.

Редовно мерење на шеќерот во кр-вта

Зголемените нивоа на глукоза (шеќер) во кр-вта се сигнал дека телото не произведува доволно инсулин, хормон кој шеќерот го снабдува во клетките или не користи правилно инсулин.

Зголемениот шеќер во кр-вта може да укаже на развој на дијабетес или пред – дијабетична состојба. Важно е да ја проверувате глукозата на гладно еднаш годишно, па дури и почесто ако имате хипертензија (висок притисок).

Липиден панел

Липидниот панел е едноставен кр-вен тест за проверка на нивото на холестерол. Холестеролот е мека, леплива супстанца што се наоѓа во вашето тело. Вкупниот холестерол се состои од три дела: добар (HDL), лош (ЛДЛ) холестерол и триглицериди (одреден тип на маснотии).

Липидниот панел е важен тест, бидејќи холестеролот може да ги „заглави“ артериите. Ова може да доведе до срцеви заболувања и мозочен у дар.

Липидниот панел ќе ја покаже содржината на холестерол и триглицериди со цел да се има претстава за потенцијален ризик од развој на срцеви заболувања. Важно е да го правите овој тест еднаш во годината.

Тироиден стимулирачки хормон (TSH) и тест за Т4

Тироидната жлезда лачи хормони кои се одговорни за метаболизмот. Недостаток на активност на тироидната жлезда (хипотироидизам) или хиперактивност (хипертироидизам) почесто се дијагностицира кај жени.

Тестовите за ТСХ и Т4 ќе го покажат нивото на хормони со цел да се увиди како работи тироидната жлезда. Симптоми на дисфункција на тироидната жлезда се замор, зголемен апетит, чести настинки, мускулна слабост, кршлива коса и нокти, проблеми со телесната тежина.

Витамин Д (25-хидроксивитамин Д) тест

Витаминот Д е важен и значаен витамин за јачината на коските и другите телесни функции. Постарите луѓе обично имаат недостаток на овој витамин. Потребно е да се внесува преку храната и во суплементирана форма.

Железо, витамин Б12, магнезиум

Овие минерали се многу важни за нормалното функционирање на организмот, па затоа е корисно систематски да се следи нивната содржина во кр-вта. Исто така, треба да се јаде храна богата со овие минерали.

Биохемиски тест на кр-вта

Овој тест вклучува голем број индикатори: статус на електролити и хидратација, функција на бубрезите, црниот дроб и кр-вните клетки. Овие индикатори треба да се следат поради акутна или хронична инфекција, проблеми со анемија и коагулација на кр-вта.

Тумор маркери, воспаление: ЦРП и хомоцистеин

Ц  -реактивниот протеин укажува на степен на воспаление во организмот. Дури и мало зголемување на вредноста на ЦРП е поврзано со ризик од срцеви заболувања, депресија..

Високите нивоа може да укажуваат на физичка траума, емоционален или оксидативен стрес, интоксикација, алергии. Зголеменото ниво на хомоцистеин (ова е аминокиселина) ќе укаже на веројатност за потенцијален мозочен у дар и кардиоваскуларни заболувања, можност за отстранување на ток-сините од телото.

Редовен преглед на стоматолог

Често посетувајте стоматолошки преглед, на секои 3 месеци иако вашите заби се целосно здрави. Понекогаш може забите да се расипат, а вие да не знаете сè додека забот да ска-пе и почувствувате голема б олка.

Мамографија и редовен гине колошки преглед кај жени

Мамографијата е рендгенска метода која користи ниска доза на Х­ – зраци и е златен стандард во раното откривање на ракот на дој-ка и други патолошки промени во неа. Гине-колошките прегледи се исто така важни за откривање на тумор, инфекција или некое друго заболување.

ПСА тест или тест за проверка на простатата кај мажи

Овој тест е неопходен да се прави еднаш годишно кај мажи постари од 45 години за рано откривање на тумор, полипи или некое друго заболување. За жал, ракот на простата во својата рана фаза (кога постои можност да се излечи), ретко покажува симптоми, а особено ретко некакви изразени симптоми.

Прочитајте и ова: Што означуваат резултатите од кр-вната слика, научете да ги толкувате и што е разликата помеѓу бактерија и вирус

Нашето тело е неверојатен организам. Во него постојат клетки кои нè бранат од ш тетните организми, кои ни разнесуваат кислород во сите делови од телото, па дури и необични клетки кои ги напа-ѓаат бактериите и други честички кои пробуваат да ни го зага-дат кр-вотокот.

Најголем број од тие клетки припаѓа на имунолошкиот систем, кој пак е одговорен за одбрана и чување на нашето тело од многубројни болести.

Белите кр-вни зрнца (леукоцити) го штитат телото од на-пад на бактерии, вируси и паразити. Тие чинат само 1 процент од вкупната количина на к-рв, но без нив не би можеле да живееме.

Леукоцитите се тие кои се бо-рат со причинителите на болестите и го чуваат секој наш орган од напа-дите на бактериите. Постојат 3 главни групи на леукоцити: гранулоцити, лимфоцити и моноцити.

Леукоцитите во најголем процент се составени од гранулоцитите. Се делат на неутрофилни, еозинофилни и базофилни.

Неутрофилните гранулоцити се задолжени за неутрализирање на бактериите и други мали честици. Поради тоа, нивниот зголемен број во кр-вта упатува на фактот дека се работи за бактериска инфекција, додека бројот им е намален кај вирусните заболувања.

Бројот може да им биде намален и поради јака бактериска инфекција која не се лекувала подолго време. Имено, тие клетки први ги елиминираат причините за болеста која се појавува во нашиот организам.

Поради тоа нивниот број за време на акутна инфекција значително се зголемува, но ако причинителот на болеста ги победил неутрофилите, во тој случај нивниот вкупен број ќе биде помал бидејќи тие нема да успеат со толкава брзина колку што му е потребна на организмот да стигнат во коскената срж за отстранување на вирусите или бактериите.

Еузиофилните гранулоцити се поврзани со алергиските реакции, затоа ако нивниот број е зголемен, најверојатно се работи за алергија, но потребно е да се исклучи можноста дека се работи за паразитна инфекција.

Тоа конечно би го потврдило зголемениот број на базофилни гранулоцити кои играат главна улога во алергиски одговор на организмот. Алергените на кои се осетливи најголемиот број од луѓето се поленот од тревата, дрвата, грини, некои лекови, но и различни видови на храна како што се кикириките, јајцата, кравјо млеко, како и у бод од инсекти..

Лимфоцитите се клетки задолжени за создавање на антитела и се главни во одбраната од вирусни инфекции. Поради тоа, нивниот зголемен број упатува на инфекција од вирус.

Моноцитите се најголеми клетки во кр-вта. Тие ги обиколуваат бактериите кои ги процениле како опасни и ги проголтуваат. Заедно со неутрофилните гранулоцити, моноцитите се основа на одбрамбениот систем на организмот.

Сега кога ги знаете овие основни информации можете и сами да ги дешифрирате вашите резултати од кр-вта, но сепак најдобро е тоа да го стори вашиот лекар. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска