Многу е лошо за здравјето кога тромбови се создаваат во крвните садови, бидејќи тогаш на организмот му е загрозен животот. Може да дојде до срцев застој, мозочен удар, емболија и други опасни медицински состојби.

Крвта во нормални околности се движи низ нашето тело и ги снабдува клетките со потребните хранливи материи, а важно е овој процес да помине без никакви пречки.

Во голем број случаи, симптомите за тромбови ги доживуваме како мали здравствени тегоби кои брзо поминуваат, но тогаш настанува вистински пекол кога проблемот ќе се влоши. Поради тоа, обратете внимание на следните симптоми доколку ги забележите и задолжително одете на лекар.

ОТОК ВО ЕДНА ОД НОЗЕТЕ

Еден тип крвни згрутчувања се нарекува длабока венска тромбоза. Во овој случај постои недостиг на кислород во виталните органи во телото, што доведува до намалена циркулација. Тоа резултира со оток на ногата во кога се наоѓа овој проблем, а како симптом се јавува болка во истата нога. Ова не смеете да го игнорирате.

ВИДЛИВО ЦРВЕНИЛО ДОЛЖ ВЕНИТЕ

Ако забележите црвени траги долж вените, постои опасност за вашиот живот, бидејќи црвенилото е знак дека имате крвно згрутчување. Се јавуваат и печати поради што вашата кожа е вжарена. Веднаш јавете се на лекар.

БОЛКА ВО ГРАДИТЕ И ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ

Овие симптоми никако немојте да ги игнорирате, бидејќи ако се појават истовремено постои можност тромбот да стигнал до белите дробови. Оваа состојба може да биде фатална, па затоа не смеете да ја игнорирате, бидејќи итно ви е потребна лекарска помош.

КАШЛИЦА БЕЗ НАСТИНКА

Во овој случај, лицето е погодено со кашлица, но без симптоми на настинка и трае долго, со денови. Значи нема болно грло, нема температура, нема течење од нос и други вообичаени симптоми за настинка, туку постои само кашлица. Ова може да биде знак дека тромбот е во стомак, кој мора поскоро да се реши зошто може да биде фатален.

СИЛНИ ХРОНИЧНИ ГЛАВОБОЛКИ

Ако се јавуваат силни главоболки кои се проследени со заматен вид и отежнат говор, постои голема веројатност дека имате крвно згрутчување. Ова може да укажува на невролошки проблем и не смее да се игнорира и да помине без преглед и контрола кај невролог. Тој ќе одлучи за терапијата и ќе предложи операција доколку е потребно.

ОТЕЖНАТО И ПЛИТКО ДИШЕЊЕ

Ова е сериозен проблем и немојте да го игнорирате, бидејќи вртоглавиците, забрзаниот пулс и треперењето во градите може да укажува дека згрутчувањето е во белите дробови. Јавете се веднаш на лекар и објаснете му ги симптомите.

Ефикасен препарат за проширени вени: руски лек кој го топи тромбот