„Болките беа cтрашни, сите можни бои ми светеа пред очи, болката беше толку силна што понекогаш не можев да видам ништо“, открива Колин.

Колин Симан, 70-годишен пензионер од Велика Британија стана сензација на интернет, кога на сите им откри како се излекувал од тешката мигрена која траела цели 50 години!

Дневните силни главоболки започнале околу 30-тиот роденден на Колин. Отишол на лекар, добил разни лекови против болки, отишол на сите можни тестирања, но ништо не можело да ја елиминира мигрената, туку само малку да ја ублажи, пишува Mirror.co.uk.

„Болката беше страшна, сите бои ми светнуваа пред очи, болката беше толку силна што понекогаш не можев да видам ништо. Еднаш жена ми ме најде со штипки закачени на лицето! Таа ме разбираше, знаеше дека ќе направам сè само за да исчезне болката“.

„Да не беа силните аналгетици, мислам дека ќе се cамоyбиев, но доста ми беше и од лековите. Ги пиев скоро 40 години, а потоа од пријател слушнав дека мигрената може да се излечи со „пирсинг“ на увото“, открива Колин.

Решен да го испроба овој метод на „третман“ и мислејќи дека по толку децении користење лекарства нема што да изгуби, Колин избрал сребрена обетка и отишол да му ја пpободат ‘рскавицата на увото.

„Не знам дали можете да ми верувате, но јас се чувствувам како друга личност! Одлично е чувството кога ќе се вратам дома, а не морам да размислувам на земање лекови!“, вели Колин и додава дека не знае колку долго ќе трае мигренскиот „одмор“.

„Веќе еден месец немам главоболка и се надевам дека сум целосно излечен“, убеден е тој.

Експертско мислење

Експертите од областа на алтернативната медицина сметаат дека овој метод може да биде одличен против мигрена, бидејќи делува како акупунктура. Од друга страна, голем број лекари истакнуваат дека нема докази дека пирсингот на ‘рскавицата на увото може да ја елиминиpа мигрената.