Една од омилените торти е онаа со плазма и јафа кексите кои иако многу лесно и брзо се подготвува, сепак излегува декоративна, а што е најважно – многу вкусна! Секој залак се топи во уста… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 300 грама шеќер, 3 кесички пудинг од ванила (3х40 г), 250 грама маргарин, 100 грама чоколадо за готвење, 300 грама плазма, 300 грама јафа бисквити, 200 милилитри сок од портокал, 180 грама шлаг, 360 милилитри газирана вода за шлагот

ПОСТАПКА: Во тенџере ставете 800 милилитри млеко со 300 грама шеќер да се варат. Во преостанатите 200 милилитри млеко измешајте го пудингот од ванила и сипете го во млекото. Варете со непрекинато мешање додека пудингот да се згусне.

Во врелиот пудинг веднаш додајте го маргаринот/путерот и мешајте додека се растопи и се соедини во смесата. Пудингот поделете го на 2 еднакви дела. Едниот дел покријте го со проѕирна фолија и оставете да се излади.

Во вториот дел додајте 100 грама чоколадо и мешајте додека да се растопи. Покријте го со фолија и оставете да се излади. Изладениот пудинг од ванила изматете го со миксер.

Плазма бисквитот кратко натопете го во сок од портокал и наредете го во плех со калап на кој ќе го послужите колачот.

Над плазмата ставете половина од филот од ванила и убаво израмнете го филот. Врз филот ставете половина од јафа бисквитите кои накратко сте ги натопиле во сок од портокал.

Премачкајте го остатокот од филот од ванила. Повторете ја постапката повторно со плазма бисквитот и нанесете половина од чоколадниот фил кој претходно сте го изматиле со миксер за да биде кремаст.

Израмнете го филот и над него наредете го остатокот од јафа бисквитите натопени во сок од портокал. Врз јафата премачкајте го остатокот од чоколадниот фил.

Оставете го колачот во фрижидер да се стегне а бисквитите да омекнат. Шлагот изматете го со газираната вода според упатството на кесичката и обложете ја тортата одозгора. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.