Понекогаш во животот потребно е да запреме и да размислиме за сè околу нас, за нашиот живот и начинот на кој го водиме, за нашето здравје… Понекогаш работите ги земаме здрави за готови, па затоа се потребни ваквите т.н. паузи или “ресетување” на животниот стил.
Во продолжение можете да прочитате неколку мудри совети од луѓе по избор од нашата архива, кои биле долговечни и имале активен, но квалитетн живот. Во текот на својот живот тие оставиле белег, а нивните совети ги оставиле како дар за поколенијата.
I СТАТИЈА: 20 животни совети од човек кој доживеал 104 години: „Не купувајте минерална вода од 2 причини” Ова се неколку совети од Русинот кој доживеал длабока старост. Тој говори за своите животни навики.
1.Научете во сè да гледате живот и во сè да уживате: Во тревата, во дрвата, птиците, животните, земјата, небото. Гледајте ги љубезно и со полно срце, а тие ќе ви возвратат. Ова знаење нема да го пронајдете во книгите.
2.Одвојте некое време за да стоите боси на земја. Давајте го своето тело на земјата за да не го повика таа самата.
3.Секоја можност користете ја за да бидете покрај вода. Ќе ве ослободи од уморот и ќе ви ги прочисти мислите.
4.Пијте чиста вода колку што е можно повеќе, не чекајте да ожедните. Водата е најдобриот лек. Не пијте слатка и минерална вода од шише. Првата ќе ви го упропасти црниот дроб, а втората ќе ви ги затне кр-вните садови.
5.Секој ден на трпезата треба да имате зеленчук. На прво место цвекло, нема подобра храна на земјата. Потоа грав, тиква, бобинки, морков, домати, пиперки, спанаќ, зелена салата, јаболка, грозје, сливи.
6.Ако сакате може да јадете месо. Но ретко.
7.Колбаси, пржен компир, колачи и храна во конзерви е лоша храна. Јас јадам житарици, грав и зеленчук. Предаторите јадат месо, но тие се мрзливи, а коњите јадат житарици и активни се цел ден.
8.За да јадам помалку, пијам многу вода и јадам компот, јадам проста храна и свеж зеленчук. Од четврток навечер до петок навечер не јадам ништо, само пијам вода.
9.Постот е најголема милост. Ништо не ме зајакнува и подмладува како постот. После секој голем пост јас сум за неколку години помлад.
10.Сонцето изгрева и заоѓа за вас. Работата треба да престане кога ќе зајде сонцето. Кога ќе се навикнете на овој ритам, телото и умот ќе ви станат посилни. Мозокот подобро ќе се одмори и ќе се разбистри за сон. Вака прават монасите и војниците и затоа имаат сила за да служат.
11.Треба да отспиете половина час во текот на денот за да се освежи кр-вта во вашата глава. Не си легнувајте веднаш после јадење, зошто тогаш мастите се таложат во кр-вните садови.
12.Помалку седете, но спијте доволно.
13.Обидете се повеќе време да престојувате на отворен простор. Научете да живеете во ладна просторија. Доволно е стапалата и рацете да ви бидат загреани, но главата ладна. Телото старее и пропаѓа од многу топлина.
14.Зајакнете го телото со билки. Измешајте една рака лековити билки и бобинки и прелијте со зовриена вода, па тоа пијте го цел ден. Зимно време ќе ги увидите сите благодети од ова.
15.Не ги заборавајте јаткастите плодови. Оревите изгледаат како нашиот мозок, тие се моќни за мозокот.
16.Со луѓето бидете љубезни и внимателни. Од секој од нив, па макар и површно, може да научите нешто. Од луѓето не правете ниту пријатели ниту непријатели. На тој начин никогаш нема да во прават проблеми.
17.Она што ви е судено ќе го добиете кога тогаш, само треба трпеливо да чекате. Не ја оптеретувајте душата со тоа.
18.Не верувајте во предрасуди, астролози и прорекување на судбина. Срцето и телото нека ви останат чисти.
19.Кога се чувствувате лошо, треба многу да шетате. Преку ливади, шуми, покрај река. Водата ќе ја однесе вашата тага. Важно е да запамтите: Најдобриот лек за тело и душа се: пост, молитва и физичка работа.
20.Движете се повеќе. На камен кој се тркала не расте мов. Несреќите нè држат неподвижни. Не бегајте од нив и не дозволувајте да доминираат над вас. Никогаш не се плашете да научите и да направите нешто ново.
II СТАТИЈА: За да не мора одите до аптека следете ги советите на д-р Иван: хидроген, вода и чисти мисли. Лекарот кој никогаш не користел лекови советува правилно дишење, доволно движење и одбегнување на месо.
Рускиот доктор по медицина, професорот Иван Павловиќ Неумивакин, ги осмислил овие правила после 40 години работа со пациенти. Умрел во 90-година, а во текот на својот живот никогаш не користел никакви лекови.
Ова се неговите едноставни, но потврдени “закони”, а според зборовите на докторот, секој човек може да биде здрав и долговечен, под услов да се придржува на следните правила:
КЛУЧНИ ЗАКОНИ НА ЗДРАВЈЕТО
Самиот збор “болест” кај нас предизвикува негативна реакција, дури и несвесно. Всушност, нема болест. Постојат само одредени состојби кои може да се исправат. А мислата има исклучителна моќ.
ОПШТО ЗДРАВЈЕ
Добра профилакса против било кој грип е водороден пероксид. Тој вклучува атомски кислород кој му е неопходен на телото. Начин на употреба: 15-20 капки 3% хидроген пероксид разредено во 50 мл вода.
Со помош на шприц или капалка ставете неколку капки прво во едната ноздра, а потоа и во другата. Атомскиот кислород ги убива вирусите, габичките, микробите, малигните клетки, хелминитичките инвазии. А не им наштетува на нормалните клетки.
ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ
Важно е да се следи правилниот однос меѓу јаглероден диоксидот и кислородот во телото. Добро е да се дише на следниот начин: Мало вдишување и многу споро издишување. Потоа се прави пауза од недишење колку можете да издржите. Корисно е овој ритам на дишење да го применувате во текот на еден час дневно. Вдишувањето и издишувањето треба да биде со интензитет од 1:10.
ВИРУСИ
Мора да бидете пријатели со вирусите. Без вирусите не можеме да живееме. Тие имаат сличности со луѓето: исто така имаат ДНК, хромозоми. Поради тоа, важно е да не се дига паника, туку да се преземат разумни мерки за да се неутрализираат вирусите кои прават инвазија врз нашиот организам.
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
Зошто децата често имаат тумор на мозокот, проблем со нервниот систем, како и проблеми со видот? Во Јапонија на пример им е забрането да им се даваат мобилни телефони на деца помлади од 10 години. Зрачењето директно го оштетува нервниот систем.
ВОДА
Не можеме да живееме без вода. Луѓето со текот на годините престануваат да пијат вода, но без вода нема струење во организмот. Во клетките има илјадници митохондрии – минијатурни електрани на вода.
Водата е моќен енергетски систем. Ако говориме за кафе, чај и други напитоци – тоа не е вода, тоа не делува исто добро како водата. Телото мора да се ослободи, а чистата вода е спасот за него. Зимно време мора да пиете најмалку 1,5 литар вода, а летно време најмалку 2 литри.
Како правилно се пие водата?
Пред оброк 10-15 минути; никако во текот на јадењето, ниту една голтка. После јадење: ако сте јаделе месо, после најмалку 2 часа, а после чорбесто јадење после најмалку 1,5 час.
Ако се напиете вода во текот на јадењето или после јадењето пред да биде сварена храната, вие ќе ја разблажите хлороводородната киселина во желудникот и храната нема да се свари добро. Пред јадење добро е да испијат две чаши вода.
ДВИЖЕЊЕТО Е ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ
Сите мускулни системи треба да функционираат. Секојдневно е потребно да пешачите и да правите сквотови и други вежби за активирање на сите мускулни групи.
МЕСО
Месото е тежок, мртов производ. На пример, луѓето од Кавказ имаат обичај месо да јадат само во специјални пригоди, кога им доаѓаат драги гости. Месото не се замрзнува туку се јаде веднаш.
Месото е доста тешко за варење, па затоа кога се консумира, препорака е да се да се јаде во мали количини и да се комбинира со големи порции зеленчук и салата.
ЖИВЕЈТЕ СО ЧИСТИ МИСЛИ
Што можете да подарите – подарите! Тоа е најважното, да имате позитивен став. Сите негативни мисли, негативната енергија делува против сопственикот. Не завидувајте, не натрупувајте бес и негативни емоции во себе.
III СТАТИЈА – Јапонците живеат така долго поради овој славен лекар: Пред својата см-рт им открил 10 златни правила. Јапонскиот лекар Шигеаки Хинохара ги лекувал своите пациенти уште неколку месеци пред својата см-рт и им помогнал во поставувањето на медицинските системи, благодарение на кои Јапонците станаа еден од најдолговечните народи на светот.
Тој по-чи-нал на 18 јули 2017 година, во својата 105 година. На светот му ја остави својата тајна за долговечност. Сакате да доживеете сто години и тоа во добра форма, здраво тело и дух? Можно е – тој тоа го докажал преку сопствениот пример!
Хинохара помогнал во поставувањето на медицинските системи, благодарение на кои Јапонците станаа еден од најдолговечните народи на светот. Речиси до самата своја смрт, докторот Хинохара работел во болницата, ги лекувал пациентите и им предавал на студентите на факултет. Ова се неговите 10 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА:
1.Енергијата доаѓа оттаму што се чувствуваме добро, а не од здравата исхрана и многу спиење: “Сите се сеќаваме како кога бевме мали деца и се забавувавме, често заборававме да јадеме и спиеме.
Верувам дека можеме да го задржиме тој став и како возрасни – најдобро е да не се заморува телото со премногу правила, како што се ручекот и спиењето” – објаснува д-р Хинохара.
2.Пазете се од дебелина! Доктор Хинохара постојано нагласувал дека 100 година ја доживуваат лица кои немаат вишок килограми. Затоа треба да се внимава на својата телесна тежина и физичка кондиција. Не треба да се оптеретува со исхраната, но сепак треба да се води сметка да не се прејадуваме.
Тој на пример, за појадок пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло. Верувал дека ова масло е одлично за крвните садови и кожата. За ручек јадел млеко и кекси, а често го прескокнувал ручекот кога бил многу зафатен. За вечера јадел зеленчук, риба и ориз. Двапати седмично јадел говетско месо.
3.Планирајте однапред! Хинохара секогаш имал полн распоред за една година однапред, а дури планирал и за подолго во иднината. Па така, како што рекол, многу им се радувал на Олимписките игри во Токио 2020. За жал, не доживеа за да ги види, но неговиот став кон животот и плановите говори колкав оптимист тој бил, што е исто така, многу важна ставка за долговечност.
4.Не мора да одите во пензија ако не сакате. “После 65.година започнав да волонтирам. Предавам и ги посетувам пациентите, дури и по 18 часови на ден и уживам во секоја минута од својата работа” – говорел Хинохара. Доколку човек сè уште сака да работи, нека работи. Доколку не сака, нека оди во пензија и нека се посвети на она што го исполнува и сака да го прави.
5.Споделувајте го знаењето и вештините со другите. Хинохара на годишно ниво одржувал преку 150 предавања. Им предавал на сите – од деца во училиште, до сериозни бизнисмени и лекари. Секогаш стоел додека говорел, а предавањата понекогаш му траеле и по 90 минути. Имал обичај да каже дека стоењето го зајакнува.
6.Не верувајте на сè што ќе ви каже лекарот. Доктор Хинохара сметал дека лекарите не можат да ја излекуваат секоја болест и секој пациент. Им предлагал на луѓето, кога лекарот ќе им препише терапија или некој преглед, тие да го прашаат, дали истиот третман би им го предложил и на своите најблиски?
Доколку одговорот е негативен, зошто тогаш да се изложувате на беспотребен стрес и патење? Верувал дека животните и музиката имаат големо влијание во оздравувањето, многу поголемо отколку што медицината тоа го признава.
7.Секогаш користете ги скалите и сами носете си ги куферите. За да бидете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скали и трудете се сами да си го носите товарот. Хинохара цел свој живот одел по скали и секогаш по една прескокнувал. Скалите и одењето се секојдневна вежба за вашето срце и тело.
8.Секојдневно пронаоѓајте инспирација за духовно растење и исполнување. Читајте, во книжевноста пронајдете автори кои ќе ве инспирираат. Така правел и Хинохара. За него најинспиративна била поемата на Роберт Браунинг, Абт Воглер. Не мора да се задржувате само на книжевност. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, шетајте во природа.
9.Болката е мистериозна… Најефикасниот начин за да ја надминете болката е да го направите тоа преку забава. Кога детето ќе се у-дри, објаснувал Хинохара, ќе плаче сè додека вниманието да му го окупира нешто друго. Тогаш заборава на болката. Така би требало да прават и возрасните луѓе.
Болката треба да се уда-ви со забава. Сметал дека во болниците треба да се донесат тераписки кучиња и останати животни, како и музика која ќе им помогне на пациентите полесно да ја пребродат болеста.
10.Не натрупувајте материјални работи. “Не си го трошете животот на стекнување богатство и трупање на материјални работи, бидејќи и онака ништо од тоа нема да го понесете со себе кога ќе ум-рете”, едноставен беше Хинохара во последниот од своите десет златни принципи за долговечноста.