Понекогаш од одводите започнува да се шири непријатна миризба, а особено се засилува после дождливо време.
Ова се случува како резултати на разни видови нечистотии во цевките кои со текот на времето се таложат и гнијат, а кои мора да се „yбијат“, односно да се неутрализираат и „истераат“ за да не бидете принудени секојдневно да ги вдишувате „миризбите“ кои не ги сакате.
Особено есенскиот период, а некогаш и зимскиот, како и пролетниот период, кога надвор е влажно и врне почесто од вообичаено, честопати од одводите започнуваат да се шират непријатни мириси со кои тешко се справуваме.
Тие се резултат на разни видови нечистотии во цевките кои мора да се отстранат за да не бидете принудени секојдневно да вдишувате „мириси“ кои не ги сакате.
Тоа најчесто се случува во периоди кога паѓаат обилни дождови, или во случај да се очекува нагла промена на времето. Сè што треба да направите за почеток, е да ја отворите решетката која многу лесно се отстранува.
Прво, проверете дали има нешто внатре што може да го блокира одводот и да предизвикува непријатен мирис.
Ако тоа не е случај, а обично не е, сè што е потребно е да се истури малку специјална течност во овој одвод низ решетката. Рецептот за течноста следи подолу.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл алкоxолен оцет, 3 супени лажици сода бикарбона и 5 врела литри вода
ПОСТАПКА: Прво сипете ја сода бикарбоната, а потоа малку по малку додавајте го оцетот. Внимавајте бидејќи ќе пени. Поклопете го со нешто и оставете го малку за да заврши реакцијата. Оставете да делува неколку минути а потоа истурете ја водата.
На сличен начин ќе го исчистите и бигорот. Управниот директор на британската компанија за чистење Poppies, Крис Вутон, изјави за Express дека постои „златно правило“ за чистење на тоалетната школка.
„Златното правило е да се користат неалкални производи. „Повеќето дамки на тоалетната школка се појавуваат во областите што доаѓаат во контакт со тврда вода, па затоа е важно да се знае дека избелувачот нема да делува и дека мора да се користи киселински производ, како што е средство за отстранување бигор“, објасни тој.
Како што вели тој, избелувачот не го отстранува бигорот, туку само му ја менува бојата, односно го избелува и се спојува со бојата на школката, па станува помалку забележителен.
Тврдата вода, инаку, има повисоко ниво на калциум и магнезиум, што доведува до формирање на бигор, додека меката вода содржи мали количини од овие минерали, но има високо ниво на натриум.
Тврдата вода ќе ја препознаете по тоа што, кога ги миете рацете со неа, чувствувате дека на вашите дланки има „леплива фолија“ и треба повторно да ја исплакнете.
За да бидете сигурни дека бигорот ќе го отсраните целосно, Крис Вутон препорачува да користите обичен бел оцет за да направите домашно и природно средство за чистење кое е многу ефикасно.
„Сипете половина шолја сода бикарбона во и околу школката и оставете да отстои најмалку 15 минути. Потоа прелијте со оцет. Киселината ќе се „активира“ и ќе почне да пени, што може да ги „разбие“ и најупорните наслаги од бигор.
Десет минути подоцна, добро исчистете со грубата страна на сунѓерот“, советува Вутон.
После тоа потребно е неколку пати да се испушти водата за добро да се исплакне. „Ако има уште траги, пробајте да исцедите лимон и оставете го да делува, а ќе ги отстрани и непријатните мириси“, посочува Вутон.