Пред да се погледнете колку сте убави, обратете внимание дали лифтот воопшто пристигнал на вашиот кат, објаснува пензионираниот мајстор за лифтови Петар Стефановиќ, а пренесува РТС.

„Доаѓам на интервенција, вратата на петти кат е отворена, а лифтот во моментот се наоѓа на деветти и тој не може да стартува. Така некој намерно ја отворил вратата.

Затоа има огледала, кога ќе ја отвориш вратата, пред да зачекориш кон внатре треба да се видиш себеси, а не празен простор и темница“, вели мајсторот Стефановиќ.

Страв од лифтови или лифтофобија. Некој се плаши да не го удри вратата при затворање, некој се плаши да не се заглави внатре, а некој се плаши да не се откачи лифтот и падне од голема висина.

„Тоа што велат дека лифтот може случајно да се откачи и да падне, не е вистина. Тој не може туку-така да се откачи и да падне. Има толку голема безбедност што не може да се откачи.

Прво обезбедување се каблите – 4, 6, 8 во зависност од тоа колку е голем лифтот, а има и свој уред со кој и да се скине нешто, тој би застанал. Нема никаква опасност“, изјави мајсторот.

Меѓутоа, тој предупредува дека никогаш никој не треба да чепка лифтовите, освен стручните лица кога за тоа се повикани.

Дури ниту во ситуација кога сте заглавени во лифт не треба на своја рака да преземате ништо. Стручен совет е секогаш да го притиснете копчето за аларм и помошта ќе пристигне брзо.