Home Народна медицина Златна паста – спас за вашите проблеми со грбот

Златна паста – спас за вашите проблеми со грбот

Златното млеко е пријатен и топол напиток кој е исклучително корисен за ’рбетот и коските воопшто.

​

Помага при повторно воспоставување на ’рбетното подмачкување’ и ги испира наслагите од соли.

Корисен е за хематопоеза (формирање на крвни клетки со клеточна делба и диференцијација на матичните клетки во коскената срцевина), дебело црево, нервен систем и коскено ткиво.

​

Златното млеко е магичен напиток кој исто така помага во продолжување на младоста, го нормализира целиот дигестивен систем, има благотворно дејство на црниот дроб, ги елиминира токсините, го подобрува тенот и овозможува долговечност.

​

Многу е ефикасно при артритис и артроза, бидејќи со консумирање на Златно млеко се зголемува подвижноста на зглобовите.

<

​​

Како се приготвува златно млеко?

За почеток, пригответе паста од куркума.

​

Ќе ви биде потребно 40-50 г куркума и 100-150 мл вода.

​

Во куркумата додадете вода, промешајте и ставете на оган да зоврие. Гответе околу 7-8 минути додека да згусне. Постојано мешајте. Ако мешавината е премногу густа, разредете ја со малку вода. Смесата треба да личи на густ јогурт.

​

За тоа време пригответе го млекото, за кое ќе ви биде потребно:

– 250 мл млеко

– 2 лажици (40 мл) сирово нерафинирано бадемово масло (по желба)

– мед по вкус

Млекото зовријте го и во него додадете бадемово масло. Тргнете од оган и наточете во шолја. Додадете 1 лажичка од претходно приготвената паста. Засладете со мед по вкус.

​

Пастата од куркума можете да ја приготвите во поголема количина за подолг период. Во замрзната состојба ги задржува својствата до 40 дена. Пастата се чува во фрижидер.

​

Готовата паста можете да ја додавате во топло млеко или чај, по една лажичка, заедно со мед и растително масло по желба (ладно цедено).

​

Златното млеко се препорачува да се пие на празен стомак, пожелно е наутро и пред спиење.

​

Се пие 40 дена, односно двапати годишно, по 40 денови.

​

Внимание: оние кои имаат проблем со жолчната ќеса – подобро да не ризикуваат, бидејќи куркумата има диуретички ефект.

​

​

Што се’ лекува куркумата?

Современата наука како и традиционалната медицина, високо ја цени оваа лековита билка. Жолтиот куркумин е главната активна состојка на оваа билка.

​

Лековитоста на куркумата се објаснува со тоа што лутиот вкус на оваа билка ги убива микроорганизмите и паразитите, го уништува вишокот слуз, масти, лепливи токсини, го поттикнува крвотокот и комплетно метаболизмот.

​

Горчливиот вкус е најдоброто средство против труење, грозница, воспаление, болести на крвта и кожата. Исто така, ги отстранува чиревите, салото, потта, гнојот, јадежот, го чисти мајчиното млеко, матката, црниот дроб..