Темјанот е ароматична смола која се добива од Boswellia, дрво кое расте во Азија и Африка.

Повеќето од нас знаат од церемониите во црква што е темјан.

Темјан е една од најстарите мирисни билки. Со него се тргува дури од пред 5000 години на Арапскиот полуостров и Северна Африка, каде што бил вреден како злато.

Патот на темјанот води од јужниот дел на Арабија до Медитеранот и е еден од најстарите трговски патишта во светот.

Поради неговите својства, во Египет бил користен за балсамирање мумии.

Темјанот секогаш се користел во ритуалот на Римокатоличката и Православните цркви, поради верувањето дека ги брка лошите духови.

Темјан има примена и во ароматерапијата, козметиката, се користи при масажи и верски обреди.

​Медицински придобивки од темјан

Во ајурведската медицина, индискиот темјан (Boswellia serrata) се користи илјадници години за лекување на артритис, лекување рани, зајакнување на женскиот хормонски систем и заштита од патогени микроорганизми.

Според Ајурведите, темјанот во куќата носи добро здравје на сите членови на семејството.

Темјанот од античките времиња се користел на Блискиот Исток за одржување на оралното здравје. Тамошните луѓе имале навика за џвакање на смола – темјан, која го подобрува здравјето на забите и непцата. Поради неговите антимикробни својства, темјанот ги спречува инфекциите.

На запад, темјанот е најмногу познат по своите антивоспалителни својства.

Активните медицински состојки на темјан се sesquiterpenes јаглеводороди, monoterpenes, diterpenes и босвелискитe киселини.

Босвелиската киселина е најважната состојка на темјанот.
Таа има моќни анти-воспалителни својства и ефикасно ја ублажува болката предизвикана од артритис, но за разлика од конвенционалните лекови не предизвикува несакани ефекти.

Темјанот ја подобрува циркулацијата и протокот на крв низ крвните садови, оштетени од воспаление, што уште повеќе помага кај зглобовите погодени од артритис. Со своите моќни анти-воспалителни својства, помага кај Кронова болест и цисти.

Некои студии покажале дека темјанот може да помогне во лекувањето на неколку видови на рак – малигнен меланом, рак на мочниот меур и тумор на мозокот.

Потврдено е дека екстрактот од темјан, темјан ацетат, ги намалува невролошките оштетувања, ја олеснува депресијата и анксиозноста, ги спречува болестите на крвните садови и го намалува лошиот холестерол.

Во ароматерапијата темјанот се користи за олеснување на стресот, напнатоста и депресијата.

Масажа и бања со масло од темјан во голема мера помага при менструалните болки и воспаление на мочниот меур.

Терапијата со масло од темјан, има корисен ефект врз респираторниот систем и го олеснува бронхитисот, астмата, синузитисот, честите настинки и алергии.

Капнете на раката неколку капки масло и вдишете го неколку пати на ден, или вдишувајте тинктура од темјан. (1 лажичка на 1 литар топла вода).

Интересно: Се верува дека темјанот може да го запре грчењето – за таа цел неопходно е со масло од темјан да се подмачка вратот, градите и областа околу носот.

Ова растение е одлично за нега на кожата – помага при акни, лузни, стрии, брчки и рани.

Со милениуми наназад, од употребата на темјан не се забележани никакви значајни несакани ефекти.

Последните токсиколошки студии, потврдиле дека екстрактите од темјан се безбедни за надворешна и за внатрешна употреба.

Не користете темјан ако страдате од висок крвен притисок, ако сте бремени или доите.

Не користете чисто масло од темјан, тоа мора да се разреди во база на масло или вода.

Производи од темјан

Производите од темјан се увезуваат од Индија. За лечење се користи смолата од темјан, која се собира во текот на годината.

Од смолата се подготвуваат тинктури, масла, креми и додатоци врз основа на темјан.

За внатрешна употреба, можете да го користите темјанот во капсули.

Тинктурата bosvelije може да се купи или направи, така што на смолата од темјан, се додава 80 процентен алкохол.

Темјанот и неговите производи, можете да ги набавите во билните аптеки, црквите и продавниците за здрава храна.

Темјанот му бил даден на Исус како подарок. Тоа е дар кој ние не треба да го одбиваме.

Античката традиција за користење на темјан сама по себе говори за неговата корисност.