Зимско јадење: пржен праз со месо и везени суви пиперки

Фото и рецепт: Виолета Јовеска Никчевска

Најубавиот зимски специјалитет кој одлично оди со црно вино.

“Пржен праз со месо и везени суви пиперки, одозгора се поросува со лут буковец. Многу вкусно.”

Потребни состојки:

1 кг свинско месо исечкано на коцки
3 страка сечкан праз
7-8 суви пиперки
1 лажица свинска маст
30 мл масло
сол, црн пипер и зачини по вкус

Постапка:

Во убаво подлабоко тавче се загрева маста со маслото.

Се додава месото и се пропржува околу половина час да фати убава боичка.

Се вади месото во друг сад, а во истото масло се пропржуваат  околу 5 минути сувите пиперки исечени на покрупно.

И тие се вадат настрана.

Потоа се пропржува празот околу 5-7 минути, па се враќаат назад месото и пиперките.

Се остава да динста не повеќе од 10 минути, за да се спојат вкусовите. Зачинете по вкус.

Фото и рецепт: Виолета Јовеска Никчевска

Претходна статијаЗа неколку минути ослободете се од синусната инфекција со помош на овој моќен домашен препарат
Следна статијаЗа идеална вечера или појадок потребни ви се само 15 минути – превкусно!