За идеална вечера или појадок потребни ви се само 15 минути – превкусно!

Нешто брзо, лесно и едноставно за појадок или вечера…

Потребни состојки:

1 јајце

200 мл јогурт

400 г брашно

1 прашок за печиво

1 лажичка сол

130 г сирење

130 г кашкавал

130 г шунка

1 лажичка оригано

3 лажици кечап

Постапка:

Шунката, кашкавалот и сирењето се рендаат ситно.

Од сите состојки се замесува хомогено тесто, кое го развлекуваме во кора на набрашнета работна површина, со дебелина од околу 0,5 см. Кората се сече на коцки.

Се пржат во загреано масло од двете страни, па се редат врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Служете ги топли, но вкусни се и кога се изладени.