Долго време постоеше еден стереотип според кој мажите претпочитаа помлади убавици (двојно или тројно помлади од својата возраст) за свои партнери. Сепак, во последните години се забележува еден обратен тренд, односно посилниот пол сè повеќе гради односи со постари жени.

Еден повозрасен, искусен (и секако, попаметен) маж, кажал: „Колку сум постар, толку повеќе ги почитувам жените постари од 40 години. Ќе ви објаснам само преку неколку причини, инаку ги има премногу:

Жената постара од 40, никогаш нема да те разбуди сред ноќ за да те праша „Што си мислиш во моментов?“ (мислејќи всушност, на која мислиш, дали на друга мислиш, дали мислиш на бившата…по што треба да и одговориш – на тебе, драга моја). Жената после 40, едноставно не ја интересира.

Кога жена постара од 40 години, не сака да гледа фудбал (или каков било друг спортски натпревар) со тебе, таа не седи и се жали постојано на тоа како си го презел телевизорот, а таа е обесправена.

Едноставно, таа ќе земе нешто да си работи, ќе чита книга или ќе се види со пријателка, ќе си прави нешто друго што ја расположува. Верувајте, што и да прави таа, тоа е далеку многу поинетерсно од фудбалот што ние мажите го гледаме.

Една жена која наполнила 40 години не ја интересира твоето мислење за неа. Вусшност, не ја интересира ничиво мислење. Овие жени зрачат со самодоверба и гордост и токму поради тоа стануваат уште попривлечни.

Само мал број жени постари од 40 години, не успеваат да созреат доволно, па сè уште се однесуваат како тинејџерки зошто ги интересира туѓото мислење. Таквите жени никогаш не биле привлечни за зрелите и созреани мажи.

Жените после 40 ретко ќе ти направат сцена сред театар, кино или опера или пак во некој ексклузивен ресторан. Тие умеат да се воздржат и да ја одложат намерата која ја имаат смислено за вас. Неретко, ако сметаат дека тоа си го заслужил и ако можат да поминат неказ-нето, тие можат и да ви пресу-дат.

Со текот на годи ните жените стануваат видовити. На една жена над 40 години не треба да и кажуваш за тоа што си направил – таа тоа веќе го знае! Жената постара од 40 изгледа одлично со јарко црвен кармин, што истото не може да се каже за повеќето помлади дами.

Штом мажот ќе ги добие првите брчки, за него жената постара од 40 години е далеку посек-сипилна од оние помладите. Повозрасните жени се поискрени и поотворени. Тие сè ќе ти кажат право во лице, дури и тогаш кога се однесуваш како иди-от.

Никогаш не мора да се прашуваш „на што си“ со неа. Да, постојат голем број причини зошто жените над 40 ги почитуваме многу повеќе од оние помладите. За жал, обратното не важи…

На секоја сјајна, интелигентна, зрела жена постара од 40, доаѓа по еден „остаток од нечив“ дебел стомак во жолт шорц, кој поради 20-годишна конобарка прави мајмун од себеси.