Рецепт на Катица од каналот just.katebake. „Денес ќе ви покажам рецепт за лесен ручек, кој го имам спремено во архива од минатата година. Идеален е за летните топли денови..

На никој не му се готви кога е топло, а сите сакаме да јадеме нешто брзо, освежително, а сепак здраво. Ова е рецепт за ручек кој ги исполнува сите околности. Се прави за многу кратко време.”

Потребни состојки: 750 г мешано мелено месо, половина главица кромид со средна величина, 2 – 3 чешниња лук, 1 домашно јајце, свеж магдонос, сол, црн пипер по вкус.. Јас користам и специјален црвен зачин за мелено месо, но не е неопходно да го имате..

Други потребни состојки: 1 средина од лепче, малку млеко, неколку компири, 2 – 3 зелени пиперки, кромид, малку рузмарин, кашкавал, 500 мл доматен сос, нешто сувомеснато по желба или колбас. Јас користам сланина.

Постапка: Издробете го лепчето на помали парчиња, ставете го во помал сад и полијте го со малку млеко. Оставете го настрана додека ги сечкате лукот, кромидот и магдоносот.

Месото ставете го во подлабок сад, а во него додајте ги ситно исечканите чешниња лук и половина главица кромид. Се додава разматеното јајце, свежиот магдонос, се зачинува по вкус.

На крајот се додава млекото со лепчето и се соединува со месото настрана. Се остава малку настрана да се впијат сите состојки во месото околу половина час. Во меѓувреме, излупете неколку компири (зависи од количината која сакате да ја подготвите).

Компирите се сечкаат на кругови, исто така и пиперките и уште малку кромид. Се ставаат во тава така што се редат едно до друго. По страните на тавата може да додадете и малку рузмарин.

Одозгора компирите се зачинуваат со сол, црн пипер и некој друг зачин по желба. Од отстојаното месо се прават мали плескавици и се прави како сендвич. Потребна ви е уште една тава каде што ќе се пече ручекот.

Се зема една мала плескавица, од двете нејзини страни се става компир, а измеѓу по една пиперка и едно кромитче и се вметнува сланина. Се реди се додека не се пополни целата тава. Нема посебен редослед кој треба да ги редите состојките.

Најдобро е кромитчето да го ставате веднаш до месото бидејќи така најмногу ќе пушти од неговиот сок. Откога ќе ја пополните целата тава и ќе ги наредите состојките, прелијте со половина литар доматен сос, наросете кашкавал и одогзгора ставете рузмарин и сечкан магдонос по желба.

Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Пред крајот температурата ја намалив на 180 степени. Се зависи од рерната. Многу е вкусно и целата кујна мириса прекрасно.

Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.