Познато е дека екстрактот добиен од лист од маслинка се смета за еден од најдрагоцените препарати на природната медицина, а со чајот се третираат бројни тегоби и болести на денешницата. Но, сигурно не знаевте дека и течноста од теглата со маслинки може да се користи како лек, пишува НМД.мк

Течноста во која се саламурат плодовите на маслинката, меѓу другото има способност да го намалува холестеролот, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од дијабетес. Во продолжение на текстот прочитајте повеќе информации…

Следниот пат кога ќе ги потрошите маслинките, размислете двапати пред да одлучите дали оваа течност ќе ја истурите во мијалникот, како што практикувавте досега. Маслинките во тегла лебдат во еден сок, односно саламура специјална приготвена за плодовите, а се состои од вода, оцет и сол.

Веројатно, штом ќе ја изедете последната маслинка, остокот од саламурата ја излевате во садоперот, но истата можете да ја искористите на повеќе начини, пишува НМД.мк. Всушност, има и многу здравствени бенефити.

Маслиновиот „сок“ содржи мононезаситени масти кои можат да помогнат во бор-бата против воспалителни болести, намалување на холестеролот, подобрување на здравјето на срцето и намалување на ризикот од дијабетес тип II.

Покрај антиинфламаторните својства, содржи и витамин Е, што значи дека можете да го користите за ма-сажа на скал-пот и со тоа да го поттикнете растот на косата.

Едноставно, пред да ја измиете косата, процедете ја течноста низ цедалка или газа, па натопувајте го темето и со јагодиците од прстите изма-сијате ја главата. Потоа исперете ја косата вообичаено. Мирисот ќе исчезне, а ќе се поттикне побрз раст на косата.

Покрај здравствените благодети, содржи и многу ароми. Бидејќи сокот е само мешавина од оцет, вода и сол, можете да го користите приближно на ист начин како што би го користеле и обичниот оцет или масло за да ги зачините јадења или салатите.

На кратко, слободно започнете да го додавате сокот од маслинки во вашата секојдневна исхрана. Исто така, не треба да ја фрлате ниту водата од киселите краставички. Впрочем, истата можете да ја пиете како природен лек за неколку здравствени состојби.

Водата од киселите краставички е здрава и можете да ја користите во разни цели. За максимални ефекти се пие мала шолја (60-70 мл) течност дневно. Може да ја разредите со вода, а после една седмица задолжително направете пауза.

Не заборавајте дека и двете течности/саламури содржат сол, па не се препорачуваат за лица со висок притисок и бубрежни заболувања, а истите задолжително треба да се кон.султираат со својот лекар пред каква било примена на некој природен лек.

Течноста од киселите краставички можете да ја користите за повеќе работи, а меѓу другото и за отстранување на коров: Испрскајте го коровот во сув и топол ден – ќе се исуши во коренот. Со течноста можете да киселите друг зеленчук и подоцна да го јадете. Здраво е.

Може малку да додавате во кајганата, го подобрува вкусот. Може да ви помогне ако имате ждригавица и проблем со варење на храната. Се препорачува за спортисти: спречува гр-чеви во мускулите, бидејќи содржи калиум, калциум и магнезиум.

Помага при из-гореници; помага при мен-струални тегоби; делува како антиоксиданс, бидејќи содржи многу витамин Ц; помага при воспаленија; ја подобрува дигестијата; може да помогне за чистење на садови, дезинфекција и слично.

Исто така, помага во сла-беење, покрај здравата исхрана и физичка активност; може да помогне да го истопите снегот и може да послужи за маринирање на месо и зеленчук.