Ова е стар метод кој се користел за одржување на здравјето и подигање на имунитетот. Се нарекува “кавала” и претставува древна ајурведска терапија првенствено за одржување на блескаво белите заби.

Оваа терапија помага при:

-хроничен замор

-артритис

-главоболка

-астма

-бубрежни заболувања

-болести на црниот дроб

-болести на крвните садови

-забоболки (парадентоза)

-подобрување на имунитетот

Еднаш дневно, пред јадење, се зема една супена лажица ладно цедено масло по избор (најдобри се сончогледовото и сусамовото масло).

Доколку се одлучите за сончогледово масло, пожелно е по извесен изминат период да го промените за некое друго. Ако постојано ја користите оваа терапија и ви стане навика, заменувајте ги маслата секој месец.

Ако првиот месец сте користеле маслиново, потоа користете кокосово, па од семки од кајсија… маслата да бидат ладно цедени!

Маслото не треба да го проголтате. Го чувате во устата, и го мешате со јазикот во усната празнина. По изминати 15-20 минути, тоа ќе стане најпрво густо, а потоа со лачење на дополнителна плувачка треба да се разреди и да биде со белузлава боја.

Маслото има својство да ги апсорбира токсините преку плунката во устата. По исплукувањето на маслото, мора да ја исплакнете устата со млака вода или со чај од камилица, жалфија, невен или ајдучка трева за да се отстранат сите токсини. Маслото не смеете да го проголтате.

За да не дојде до слевање на слузта од носот во грлото, претходно е пожелно да направите гаргара со солена вода (на една лажичка сол, 500 мл млака вода).

Ако имате бела наслага на јазикот, внимателно истругајте ја со специјална шпатула за таа намена, или со четка за заби нежно истријте.